Веќе неколку сезони се зборуваше за тоа дека челниците на НБА-лигата сакаат да воведат уште едно натпреварување кое би додало дополнителен мотив за кошаркарите, а воедно и да се крене малку популарноста на лигата ширум светот. 

Конечно стигна и официјална потврда за новината која ќе започне од следната сезона, а тоа е НБА-Купот, кој го најави Комесарот на лигата, Адам Силвер. Купот на НБА-лигата би имал сличен принцип како и повеќето кошаркарски Купови што се играат низ светот, а во овој случај ќе има само една мала разлика. 

Разигрувањата за завршницата од Купот би започнала со самите лигашки натпревари, во периодот пред новата година. Во тој временски период сите натпревари ќе го задржат својот лигашки карактер и ќе се вреднуваат на ист начин, но дополнително секоја победа ќе значи и чекор поблизу до финалните натпревари за новиот трофеј во НБА. 

Најголема добивка од триумф во Купот на НБА би имала победничката екипа. Се шпекулира дека освојувачот на трофејот би добил околу 120 милиони долари, но овие суми не беа потврдени од комесарот на лигата, Адам Силвер. Навивачите се со поделени мислења околу оваа идеја, но повеќето сметаат дека би било многу интересно како би се снашле НБА-екипите на Ф4 турнир, каде само еден натпревар го решава победникот.