И ДА СЕ СРЕТНАМ, ШТО БИ РАЗГОВАРАЛА СО ГРУЕВСКИ? Јанкулоска останала блиска само со Јанакиевски

Date:

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, во интервју за „360 степени“ снимено за време на нејзиното последно законски дозволено отсуство од „Идризово“ каде што помина веќе три години од четиригодишната затворска казна за случајот „Тенк“, рече дека последната нејзина комуникација со поранешниот премиер Никола Груевски кој избега во Унгарија, била една недела пред тој да ја напушти Македонија.

Вели дека таа нема проблем да се сретне со било кого, но не знае дали тој би сакал да се сретне со неа и додаде дека и кога би се сретнала, не би имала што да разговара со него.

– Не знам дали Груевски би имал интерес да се сретне со мене. Немам проблем да се сретнам со никого, но мојата последна комуникација со Груевски беше една недела пред да ја напушти Македонија. Оттогаш до денес не сме имале апсолутно никаков контакт и не гледам што би разговарале доколку се сретнеме. Факт е дека тој беше жртва на политички прогон, но тој чекор што го направи, напуштајќи ја државата, ја промени динамиката и за нашиот прогон, и тој чекор, ни тогаш, ни сега не го одобрувам – изјави Јанкулоска.

Актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ е легитимно избрано и поддржано на партиски конгрес, така што ја има целосно мојата поддршка, вели поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, во интервјуто за „360 степени“, прашана за став за судирот на актуелниот и поранешниот лидер на партијата, Христијан Мицкоски и Никола Груевски.

Таа вели дека нејзините контакти со надворешниот свет се целосно елиминирани и тешко може да се каже дека комуницирам со поранешни колеги, освен со Миле Јанакиевски, со кога останал во најблизок контакт.

– Со дел од колегите, тогаш кога имало прилика, сме се виделе, сме поразговарале. Можам да кажам дека во најблизок контакт останав со Миле Јанакиески, иако и кај него условите се сменети и комуникацијата е значително отежната. Не сме во ист затвор, но дури и да сме, машкото и женското одделение за издржување казна се тотално разделени и ние воопшто немаме комуникација – вели поранешната шефица на полицијата.

Со поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески изминатите неколку години воопшто немале контакт.

Во затворот, вели таа, најмногу ѝ недостига семејството, а најтешко ѝ паѓа што е физички одделена од синот.

– Во целава оваа ситуација, тоа е најтешкиот дел и тоа не само за мене, затоа што нели, како возрасен човек секогаш се трудите да ја разберете ситуацијата и да најдете некое образложение дури и кога такво не постои. Тој неодамна наполни пет години и целава ситуација е тешко да му се објасни. Практично, тој остана сам – без мајка, само со татко, на две години и три месеци. Јас неодамна првпат имав можност да излезам и тоа е навистина тешко – вели Јанкулоска и посочува дека сопругот редовно го носел синот на посета, што значи средби трипати месечно од по еден час.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ETHNIC ORGANIZATION OF THE MACEDONIANS IN USA AND CANADA BETWEEN THE TWO WORLD WARS (10)

PART OF THE BOOK “SELECTED PAPERS FOR MACEDONIA” BY SLAVÉ...

УНГАРИЈА ЗАПЛЕНИ УКРАИНСКИ КОМБИЊА СО 80 МИЛИОНИ ДОЛАРИ И ЗЛАТО, УКРАИНА ЈА ОБВИНИ ЗА КИДНАПИРАЊЕ

Унгарските даночни власти кажаа дека уапсиле седуммина Украинци и...

ЕСЧП ја прифати жалбата на Апасиев против Џафери за одбиеното барање за референдум за „францускиот предлог“

Политичката партија Левица денеска соопшти дека Европскиот суд за...