И грците вознемирени од храброста на новата претседателка на Македонија

Date:

„Провокација од Силјановска“ е коментарот на дел од грчките медиуми во текстовите за инаугурацијата на новата претседателка Гордана Силјановска Давкова поради употребата на терминот „Македонија“.

Медиумите во Грција го пренесуваат текстот на државната новинска агенција АНА-МПА под наслов „Македонија: Гордана Силјановска положи заклетва како претседателка на земјата, која ја нарече „Македонија“.

Во текстот пишува дека „Силјановска, за време на заклетвата, државата ја нарече „Македонија“, и покрај тоа што во текстот на заклетвата, кој го читаше претседателот на Собранието во заминување, Јован Митрески, повикувајќи ја Силјановска да повтори, земјата беше спомената со наметнатото уставно име.

-Амбасадорката на Грција во Македонија, Софиа Филипиду, која беше поканета на седницата на Собранието за инаугурацијата на Гордана Силјановска, си замина во знак на протест поради фактот што претседателката за време на нејзината заклетва ја нарече земјата „Македонија“, прекршувајќи го Договорот од Преспа, пишува АНА-МПА.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Фото галерија: Како Битуше ги чува древните македонски традиции

Битуше е едно од последните села од Мијачкиот крај...

Чуден мирис на Роторуа во Нов Зеланд

Роторуа се наоѓа во Нов Зеланд, а станува збор...

Мециновиќ: Парламентот изгледа како зоолошка градина кога Левица ќе ги спомене патните трошоци

,,Знаеш ли како изгледа парламентот кога ќе излезеш на...

Гвардиола зимава потроши 152 милиони евра, но нема тука да застане

Иако зимава веќе потроши 152 милиони евра на засилувања,...