По реакцијата изминатите денови на Левица и нивниот лидер Димитар Апасиев дека во изгласаната резолуција на Бундестагот за поддршка на евроинтеграцијата на Македонија и признавање на македонскиот јазик, култура и самобитност никаде не се споменува зборот „Македонци“, со реакција се јави и ВМРО-ДПМНЕ.

Резолуцијата во која се колне СДС, и порачува да се бори против корупцијата и криминалот, а никаде не се спомнуваат Македонци, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека Резолуцијата на Бундестагот во едно е децидна, а тоа е дека владата мора да ја зајакне борбата против корупцијата, и да работи на засилување довербата во судството.

СДСМ претходно го обвини ВМРО-ДПМНЕ дека не лобирал кај сестринските конзервативни партии во Бундестагот кои не гласаа „за“ прифање на резолуцијата во германскиот парламент.