Тениската репрезентација на Италија триумфираше на Дејвис купот откако со 2-0 ја совладаа Австралија во големото финале.
Најголемиот предизвик за Италијанците беше полуфиналето против Србија, откако ги поминаа нив, во финалето многу полесно дојдоа до победата.
Во првиот натпревар Арналди беше подобар од Алексеј Попирин со 2-1 во сетови. Италијанецот првиот сет го доби со 7-5, Попирин возврати со убедливи 6-2, но во третиот решавачки Арналди беше подобар со 6-4 и донесе водство на Италија.
Потоа следуваше настап на Синер кој само уште еднаш потврди дека игра во страшна форма и во моментов е убедливо најдобриот италијански тенисер.
Синер со 2-0 го прегази Алекс Де Минор. Првиот сет го доби со 6-3, а вториот со 6-0.
Ова е втора титула за Италијанците во Дејвис купот, првата беше пред 47 години.