ИТАЛИЈА ОТСЕКОГАШ ГО ПРИЗНАВАЛА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК, КАЖА АМБАСАДОРОТ СИЛВЕСТРИ НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА

Date:

Италијанскиот амбасадор во земјава Андреа Силвестри кажа дека Италија отсекогаш го признавала македонскиот јазик. Тој во говорот на приемот по повод Денот на Републиката Италија кажа дека не постои друга иднина за Македонија и земјите од Западен Балкан која не е во Европската унија.

„Јазичниот диверзитет е препознатлив знак на Европската унија, а македонскиот јазик кој Италија отсекогаш го признавала и поддржувала ќе биде посилен во Унијата. Целосна европска интеграција на Македонија во ЕУ за нас е стратешка цел“, кажа Силвестри.

За Италија земјава е суштински партнер, а како што беше напоменато, билатералните односи се одлични на сите нивоа. Рамката на билатерални односи, како што наведе амбасадорот, е збогатена со бројни иницијативи, голем дел од нив во областа на културата.

Годинава во декември Македонија и Италија ќе се прослават 30 години дипломатски односи.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Православните го слават Велигден, Христос воскресна, навистина воскоресна!

Денешниот ден Воскресението Христово, Велигден е најголемиот празник за...

Православните и католичките верници годинава го слават Велигден на ист ден

Оваа година и православните и католичките верници го слават...

Силекс со супер-пресврт го победи Шкупи, Шкендија триумфално со Беса, победа и на Работнички

Шкендија и Силекс ја продолжуваат активно битката за титула...