Компанијата Bucket List е за авантуристички патувања, а нивното последно истражување имаше за цел да открие која е моментално најпопуларната кујна во светот.
Верувале или не, не е ниту италијанската, ниту француската, ниту кинеската, ниту е индиската.
Компанијата „Bucket List Company“ создаде листа на популарни јадења врз основа на гласовите и интеракцијата на публиката на платформите на социјалните медиуми како што се TikTok, Instagram и Reddit.
Списокот содржи неколку омилени, има секако и италијански, со пици и тестенини. Има и мексикански, со зачини и забавни презентации. Исто така, многу популарна фина француска кујна, со сирења, специјалитети од месо и фини сосови.
Во моментов, најпопуларната кујна во светот не доаѓа од Европа, а веројатно никогаш не сте пробале некое од традиционалните јадења кои доаѓаат од таа земја.
Истражувањата покажаа дека најдобрата храна доаѓа од далечната Кореја.
Еден од специјалитетите што се издвојува е „кимчи“, а тука е и зачинетиот „гочујанг“.
Корејската кујна е одговорна за неверојатно разновиден и многу вкусен избор на јадења.
„Bucket List Company“ ги издвои десетте најдобри светски кујни. Станува збор за корејска, италијанска, мексиканска, јапонска, индиска, кинеска, тајландска, виетнамска, филипинска и турска кујна.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]