Истрага против уште едно лице за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски

Date:

Основното јавно обвинителство информира дека е отворена истрага против лице осомничено дека било вклучено во кривично дело грабнување. Осомничениот, како што велат од Обвинителството, на 3 март, заедно со уште две други лица против кои веќе се води истрага, учествувал во дејствија на грабнување едно лице во Кисела Вода.

„Се преземаат дејствија за лишување од слобода на осомничениот“, додаваат од Обвинителството.

Киднапирањето на 26-годишниот Самоил Костадиновски се случи во скопската општина Кисела Вода, a информации во медиумите се појавија на 6 март, откако претходно на социјалните мрежи почнаа да кружат повици тој да биде пронајден бидејќи му се изгубила секаква трага.

Таткото на Самоил, Љупчо Костадиновски, во неколку наврати нудеше парична награда за пронаоѓање на синот.

Пред три дена во скопската населба Аеродром, во близина на својот дом тој беше нападнат од непознато лице на мотор, кое пукало во него. Семејството изрази сомнежи дека нападот е поврзан со исчезнувањето на младиот Самоил, а од МВР соопштија дека работат на расчистување на случајот.

Семејството се роднини на сопругата на политичарот и лидер на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

 На Мадона ѝ го украле вредниот костим од Коачела

Кралицата на поп-музиката, Мадона (67), остана без вреден винтиџ костим што...

Мараја Кери „удри“ по Рокенрол куќата на славните — „Дајте му го признанието на некој друг, не ми е грижа“

Музичката икона Мараја Кери покажа дека воопшто не е погодена од...

Ријана за првпат позираше со ќеркичката за насловна страница

Ријана се врати на насловната страница на списанието „Даблју“, овој...

ЅВЕЗДИТЕ НА „ЃАВОЛОТ НОСИ ПРАДА 2“ БЛЕСНАА НА СВЕТСКАТА ПРЕМИЕРА ВО ЊУЈОРК

Речиси 20 години откако оригиналниот филм стана поп феномен,...