Истрага за трагедијата во „Пулс“ – Се испрашуваат сведоци во Кочани и во Скопје

Date:

Државниот јавен обвинител не гледа никакви пречки истрагата за пожарот во Кочани во кој загинаа 62 лица да не заврши до 17 јуни, и како што налага законскиот рок од три месеци. Без да открива детали, обвинителот рече дека истрагата се наоѓа во многу важна фаза и моментално се испрашуваат сведоци и во Кочани, но и во Скопје. Според Коцевски, нема никаква селективност во истрагата. Тој и денеска повтори, како претходно изјави за Алсат дека истрагата може да се прошири и со нови осомничени лица.

„Во моментов се сослушуваат сведоци, се сослушуваат оштетени и други лица кои знаат нешто за настанот. Во меѓувреме се координираат и со вештите лица, во однос на она што треба да се вештачи. Значи нема никаква селективност досега, нема да има ни натаму. Јас веќе кажав за еден медиум, значи се до завршување на истрагата можно е и евентуално проширување, меѓутоа, тоа зависи од доказите и од она што јавните обвинители ќе го обезбедат“, рече обвинителот Коцевски.

Пред трагедијата во Кочани власта започна процедура за смена на Коцевски која сега е во мирување. Дали ќе продолжи оваа постапка или не, за Коцевски тоа е политичка одлука.

„Истово го кажав неколку пати, значи тоа е политичка одлука. Во моментов од почнување на постапката немам никакви притисоци ниту пак некакви закани во тој дел“, додаде Коцевски.

Истрагата во Кочани започна веднаш по трагедијата, на 17 март, а обвинителството има три месеци да го подготви обвинението. Вкупно 13 обвинители работат на истрагата која досега неколку пати беше проширена, а во која досега има обвинение против 68 физички и три правни лица.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Кејти Пери објави нови фотографии со момчето Џастин Трудо

Кејти Пери сподели уште еден интимен момент со своите...

Ќерката на Синди Крафорд го украде шоуто во проѕирна чипкана креација

Оскарите ќе се одржат на 15 март 2026 година...

МЗТ Скопје со еден поен ја доби драмата против ТФТ и остана без пораз на теренот во домашното првенство

МЗТ Скопје Аеродром славеше на гостувањето кај ТФТ Скопје...

Формула 1 нема да се вози во Бахреин и Саудиска Арабија

Формула 1 донела одлука од безбедносни причини да не...