Историскиот момент, кога еден донор спаси четири животи во Македонија

Date:

Пациентот кој деновиве доби срцето од дарителот,од чии органи без спасени уште тројца пациенти, пет години боледувал од срцево затајување, а три години бил на листата за трансплантација, раскажува за Фокус д-р Маја Мојсова Мијовска, национален координатор за трансплантација и директор на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување.

„Вчера и завчера за прв пат од еден дарител беа направени четри трансплантации, односно беа трансплантирани срце, црн дроб и бубрези, а беа извадени коскени делови кои подоцна ќе бидат трансплантирани кај други пациенти. Срцето го доби 40 годишен пациент, кој пет години боледува од затајување на срцето, а поради ретката крвна група три години е на листа на чекање за трансплантација“, изјави д-р Мојсова Мијовска.

За трансплантација на бубрезите имало четириесетина пациенти кои биле компатибилни со донорот, но како што објаснува д-р Мојсова Мијовска, предност е дадена на двајца пациентикои поради ретката крвна група исто така подолго време чекале трансплантација.

„Едниот бубрег го доби 55 годишен пациент, кој две години беше на дијализа. Ова му е втора трансплантација на бубрег. Со претходно трансплантираниот бубрег живеел 25 години. Тој има добиено и награда од здружението на бубрежно болни пациенти ’Нефрон’ за пациент кој најдолго бил на дијализа и најдолго живеел со дониран бубрег“, објаснува д-р Мојсова Мијовска.

Вториот бубрег го добил 51 годишен пациент, кој на дијализа е четири години.

Даруваните органи се од млад маж, чие семејство се согласило лекарите да спасат четири животи.

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

МЗТ го доби дербито со ТФТ и остана перфектен во Суперлигата

Кошаркарите на МЗТ Скопје продолжуваат со сигурни настапи на...

Полицијата апси членови на Торцида, странските медиуми згрозени од Торцида и нацизмот во Сплит

Хрватската полиција денеска во Сплит уапсила неколку лица кои...

Аделаида под притисок: Градските власти се спротивставуваат на новата улична патека за MotoGP

Австралиското ГП во MotoGP се соочува со неизвесна иднина,...

Без „Старлинк“ и без ЦИА Украина се соочува со воен пораз

Палењето на 11 антени на „Старлинк“ во Бугарија, ограничувањата...