Испразнето гнездо – исселувањето од Македонија ги инспирира уметниците

Date:

Во Ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп отворена е изложбата „Испразнето гнездо“ од уметницата Марија Конеска.

„Испразнето гнездо“ на Конеска е рефлективно уметничко истражување на влијанието на емиграцијата врз градот Прилеп. Проектот е поттикнат од специфичните политички и економски околности во Македонија кои доведоа до зголемено иселување. Уметницата се фокусира на Прилеп, нејзиниот роден град, каде што емиграцијата е особено изразена.

-Проектот има за цел да прикаже како заминувањето на луѓето го менува изгледот на градот. Проектот отвора потресно прашање не само за емиграцијата, туку и за умирањето на еден град. Конеска го визуализира тоа создавајќи инсталација на фотографии отпечатени на пластика со ласерски исечени силуети поставени пред фотографиите за да се создаде 3Д ефект. Основата на секое парче е 29,7 x 42 цм, отпечатенa во боја, додека силуетите се црно-бели. Бидејќи во моментот кога е почнат проектот нема официјални податоци за ова прашање, Конеска собра податоци со посета на домови и разговори со жителите за емиграциските искуства на нивните семејства. Преку овие интеракции, таа го документираше изгледот на домовите, улиците, а понекогаш и на самите луѓе. Забележа распространетост на родители чии деца повеќе не живеат во областа, работодавци кои се борат да најдат работници, полупразни училници и напуштени куќи, на крајот наидувајќи и на целосно напуштени улици, се посочува за проектот.

Оваа инсталација за првпат беше претставена во КИЦ, Скопје, во 2017 како дел од програмата CreArt, а оттогаш е изложена во Музејот на град Скопје, во Белград, Јужна Дакота (САД). Марија Конеска е визуелна уметница родена во Прилеп, самостојно се има претставено во Музејот на град Скопје (2018), Прима Центар (Германија, 2015) и МКЦ (2008), како и на групните изложби: XII Биенале на млади уметници (2018), Меѓународниот зимски фестивал (БиХ, 2017), АКТО фестивал (2017) и „Das ist Валтер“ (Германија, 2013).

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Познат распоредот на младата репрезентација: Прво гостување во Полска, потоа на домашен терен со Италија

Македонската репрезентација до 21 година, вчера ги доби противниците...

Алкарас изведе тениско лудило кое ќе биде кандидат за поен на годината

Карлос Алкарас не пронајде вистински противник во Андреа Вавасори...

Кирјиос: Лудилото со допингувани тенисери мора веднаш да запре!

Австралискиот тенисер со грчко потекло, Ник Кирјиос, даде изјава...

Жизел Бундхен доби трето дете, прво со седум години помладиот џиу-џицу тренер

Бразилската манекенка Жизел Бундхен (44) го роди своето трето...