Играната верзија на култниот анимиран филм на „Дизни“, „Снежана и седумте џуџиња“ моментално е во фаза на снимање.

Премиерата се очекува во март 2024-та година, а првите фотографии од сетот протекоа на социјалните мрежи.

„Дизни“ во последните десетина години активно работи на реимагинаации на популарните анимирани класици, со акцент на модерен осврт. И покрај иницијалните негативни реакции на кастингот на играниот филм „Малата сирена“, пред сè бидејќи главната улога ја доби афро-американската пејачка Хали Бејли, филмот во киносалите заработи преку 500 милиони долари.

Инклузијата која е на сила во филмската и стриминг индустријата, пред сè со вклучување на нации, раси и групи кои историски биле маргинализирани и дискредитирани, најчесто е тема на расправа на Твитер, но во реалноста повеќето остварувања кои го промениле популарниот изворен материјал во главно наишле на комерцијален успех.

Новата верзија на „Снежана и седумте џуџиња“ во која актерката Рејчел Зеглер ја толкува главната улога привлекла големо внимание поради фотографиите од снимањето.

„Дизни“ бил критикуван поради ангажирањето на Рејчел Зеглер бидејќи во оригиналната верзија од бајката принцезата има потекло од Германија.

Режисерката и сценаристка Грета Гeрвиг, која во моментов го промовира новиот филм „Барби“ е една од сценаристките на новата верзија на „Снежана“. Имено, одлуката на сценаристите е дека во филмот нема да им принц и дека фокусот е на хероината која сака да стане лидер.

„Нашата верзија е свежа и нова приказна за младата жена која може да функционира без принц. Да, немам бела кожа како снег и нема да ја избелувам за улогата“, рекла актерката Рејџел Зеглер по критиките.