ИСЕЛЕНИШТВО ОД МАКЕДОНИЈА ПО ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ (3)

Date:

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН – ЖИВОТ И ДЕЛА“

Според Душан Ристевски-Македон во обединувачкиот чин на Македонците во дијаспорта, посебно место и улога има Македонската православна црква, чие делување континуирано го следи перото на Катин. По обновувањето на Охридската архиепископија во 1958 година и по прогласувањето на автокефалноста во 1967 година, МПЦ направи силен пробив и во преку океанските и ев­роп­ските држави. До крајот на Народно-ослободителната војна Македонците во дијаспората се приклучувале кон други православни цркви, вршејќи ги православните обреди, не на македонски јазик и не во свои цркви.

Првата инцијатива за МПЦ се роди во Мелбурн, Австралија, во 1956 година. Новоизградениот храм „Свети Ѓорѓи“ во Фицрој е првата МПЦ осветена од македонски владика во 1960 година. Веќе во 1962 година е поставен каментемелник на МПЦ „Свети Петар и Павле“ во Гери – Индијана, а во 1964 година на црквата „Свети Климент Охри-дски“во Торонто.До Втората светска војна,бројот на Македонците во Австралија беше само неколку илјади.

Меѓутоа, по војната овој број рапидно се зголемува, бидејќи, речиси цели села од егејскиот дел на Македонија, како и од Битолско, од Охридско, од Преспанско и од други делови на Македонија,се преселија во Австралија и Канада. И така, никнуваа македон-ските православни цркви во светот. Овој феномен станува посебна преокупација на Катин, кој на оваа тема дава посебно место во своите дела.

За егзодусот на Македонците, расеани на сите континенти и нивната вековна битка за опстанок и зачувување на својот национален идентитет, Катин продолжува да зборува и во неговото наредно дело „Македонски иселенички паноптикум“ (Друштво за наука и умет-ност, Битола, 1996, 1-296, на македонс-ки јазик).

Очигледно е дека истражувачката трансферзала на Катин се движи во координати кои откриваат низа сличности во одот низ маките на македонскиот и еврејскиот народ во Европа и светот, правејќи ги комплементарни за проучување низ феноменот на миграциите во планетарни рамки, но и низ нивните генетски пориви и нивното влијание врз промените во државите во кои се стационирани на подолг рок.

Во делото „Македонски иселенички паноптикум“, Катин, низ сите аспекти, тоа евидентно го покажува и докажува,откривајќи низа значајни визури од животот и дејствувањето на македонското иселеништво во развојот и унапредувањето на економските и културните процеси во тие држави, со што и ги збогатува општите сознанија за скромниот придонес на Македонците и на овој план.

Посебно место во ова значајно дело на Катин имаат процесите на сопственото организирање и функционирање на Македонците во новата средина, а во тие рамки и придонесот на Македонската православна црква, која не само што ги организира и координира, туку и успешно ги синхронизира иницијативите и активностите на Македонците, без оглед на нивната социјална структура.

Причините за тоа, не се само во дистанцата од родниот крај или во носталгијата за него, туку и во чувството за припадност на една стара етничка заедница, чиј опстанок зависел и зависи од функционирањето на законитостите релевантни за „освојување“ на просторот во рамките на други планетарни простори и цивилизации. Токму поради тоа и укажувањата на Катин дека Македонија како самостојна и независна држава треба посмело да ги користи светските искуства на нашите сонародници во САД, Канада, Австралија и Европа (Европската Унија), кои нам во овој поглед, очигледно ни недостасуваат.

Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Кога беше најпотребно одигравме најлошо: Македонија остана без шанси за осминафинале

Место најдобрата партија на ова Европско, македонската репрезентација го...

Драматична порака од нафтените гиганти: „Големата криза со горивото пристигна, нема олеснување на повидок“

Водечките раководители на американските нафтени компании предупредуваат дека долгорочната...

Нема преговори за Изборниот законик, партиите ги демантираат Сали и Гаши

Не се случуваат никакви меѓупартиски преговори околу Изборниот законик...