Ирина Шајк прашана за војната меѓу Русија и Украина на Санремо

Date:

Руската манекенка Ирина Шајк беше во улога на водителка за време на третата вечер на Санрем, а на прес-конференцијата што ѝ претходеше, беше прашана за нејзиното мислење за војната меѓу Русија и Украина.

По пристигнувањето на конференцијата, Шајк ги поздрави присутните на италијански јазик, велејќи: „Добро утро, ми е мило што сум тука во Санремо со сите вас, ви благодарам многу“.

Таа зборуваше за нејзините врски со музиката и нагласи дека публиката нема да види никаква музичка изведба од неа.

„Мајка ми беше наставничка по музичко 25 години, а како дете свирев пијано и пеев во хор. Не ме молете да пеам“, рече таа.

Потоа таа проговори за својот живот и не толку лесното минато: „Пораснав во оддалечено село и работев во градина, па ако ме прашате како се одгледуваат краставици, знам како“.

Лекцијата од тоа минато е „да не ги заборавиш своите корени, да останеш приземјен, да бидеш љубезен кон другите“.

„Имав едноставен живот. Во животот не е важно колку имаш, туку колку си близок со твоите најблиски. Тоа е она што ја учам ќерка ми кога сака да се одмори и ѝ велам дека прво мора да работи, да среди, а потоа ќе видиме“, рекла таа.

Тие се обидоа да ја убедат да зборува за актуелните настани, но без успех.

„Русинка си, што мислиш за војната во Украина?“, ја праша новинарката, меѓутоа, Шајк не сакаше да коментира за тоа.

„Не сакам да кажам ништо политичко“, рече таа, додавајќи: „Бидејќи сум тука да ја славам љубовта, музиката и единството и да донесам многу позитивна енергија. Мислам дека многу работи се случуваат во светот и среќна сум што сум со вас и што ги гледам вашите насмевки, но не сакам да навлегувам во политички прашања.“

Таа продолжи со пораката: „Сакам да испратам порака за мир и љубов до целиот свет. Јас сум тука за да ја славам музиката и како Русинка, среќна сум за оваа можност. Ако има луѓе кои не се среќни што сум тука, не можам ништо да направам во врска со тоа. Јас сум јавна личност и тоа е нешто што мора да се прифати.“

По контроверзноста со Карло Конти поради недостатокот на жени во натпреварот, таа изјави: „Јас сум феминистка, но сум феминистка на свој начин. Не сакам мажите да исчезнат од лицето на Земјата. Ги сакам мажите и ги почитувам. Понекогаш сакам мажите да се менуваат во врските, но сепак ги сакам.“

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ПМФЛ: Работнички го победи Арсими и остана ЖИВ во битката за опстанок

Работнички – Арсими 2:0 е исходот од денешниот меч...

Баерн стигна до 35. шампионска ѕвездичка

Баерн Минхен уште еднаш ја потврди својата апсолутна надмоќ...

Иранското раководсто ја одбива втората рунда разговори со САД во Исламбад

Иранското раководство се спротивставува на одржување втора рунда разговори...

Премиерот без коментар за кривичната од СДСМ – не сака да влијае на обвинителството

Премиерот Христијан Мицкоски не ја коментира кривичната пријава која...