Еден од најдобрите Формула 1 возачи во историјата, Луис Хамилтон, уживаше во вечерното излегување со руската манекенка Ирина Шајк.

Убавата Русинка досега се покажа како една од најфаталните девојки за познатите светски спортисти.

Формула 1 шампионот Луис Хамилтон е забележан во петокот навечер во друштво на убавата Русинка на луксузно место во градот на светлината Париз.

Средбата на Ирина со седумкратниот светски шампион во Формула 1 доаѓа само неколку дена по вечерата со иконата на НФЛ Том Брејди.

Бредли и Ирина веќе долго време се поврзани , но никогаш не ја потврдиле својата романса.

Кога неодамна руската манекенка била прашана за романсата со Бредли, поранешната девојка на Кристијано Роналдо останала без коментар.

Ирина Шајк претходно беше во врска со холивудскиот заводник Бредли Купер, со кој има ќерка. Ирина со години е позната како една од најубавите манекенки, а позната е и по врските со бројни познати личности. Таа беше во врска со Кристијано Роналдо пет години. Светската слава ја стекна во 2011 година како првата Русинка која позирала за насловната страница на „Sports Illustrated“.