Иницијативата на партијата Достоинство за изградба на споменици на паднатите бранители во Вејце, Карпалак и Љуботенски Бачила доби поддршка од четворица пратеници во законодавниот дом.
Павле Трајанов, Мирослав Јовановиќ, Димитар Апасиев и Борислав Крмов го прифатија предлогот да се измени и дополни законот за меморијалните споменици и спомен обележја. Од партијата сега очекуваат и останатите пратеници од македонскиот политички блок да ја поддржат иницијативата.
„Срамота е 22 години по завршувањето на вооружените дејствија од 2001-та сеуште да нема репрезентативен и достоинствен споменик кај Карпалак, место каде од заседа во ужасни маки изгореа 10 македонски бранители, скромен но достоинствен споменик на местото на заседата кај Вејце во која беа масакрирани осуммина припадници на македонските безбедносни сили, скромен но достоинствен споменик кај Љуботенски Бачила каде од мини загинаа осум бранители, кај Требош каде во заседа загинаа тројца бранители, а по потреба и на други места. Споменици кои ќе потсетуваат на еден крвав и мрачен период од нашата блиска историја, а не’ споменици кои ќе шират омраза.“ – вели Стојанче Ангелов.
Националистичката реторика се засили во изминатиот период. Пред две недели, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во селото Сопот го отвори музејот на УЧК во кој има и карта на Голема Албанија. Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски тогаш изјави дека до нив не е поднесено барање за отцворање на меморијален комплекс. Целиот настан го нарече самоволие на лидерот на инегративците Али Ахмети, кој има за цел да ги подгрее меѓуетнички тезнзии во државата.
Реакции имаше и за изградбата на крстот кај манастирската црква на Попова Шапка..Овој пат, министерот за надворешни работи, Бујар Османи , директно ја обвини албанската опозиција дека ги подгреваат националистичките тензии во пресрет на изборите…Лидерот на Беса и градоначалник на Тетово, Билал Касами, покрај тоа што побара крстот да се отстрани, испрати и инспекција за да се провери дали тој е дивоградба…