Во стабилна но се уште животозагрозувачка состојба се 36-годишниот Раде Трајковски – Штекли и неговиот 23-годишен пријател кон кои беше пукано во трговскиот центар Ист Гејт пред 3 дена.
Штекли се уште е на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“, а другото лице е на КАРИЛ во Клиничкиот центар. Нови детали од министерството за внатрешни работи нема. Во меѓувреме Фокус објави нови фотографии за кои наведува дека се работи за истото лице кое пукаше а се наоѓа во спортска обложувалница. Според неофицијални информации во обидот за егзекуција било вклучено уште едно лице кое се наоѓало на вториот кат од трговскиот каде била теретаната во која биле Штекли и неговиот пријател. Токму другото лице го известило напаѓачот дека ја напуштиле теретаната кој пак од зад грб стрелал во двајцата и избегал.
Инцидентот со пукањето во Ист Гејт се најде и на собраниската седница за пратенички прашања. Од опозициската ВМРО ДПМНЕ побараа оставка од министерот за внатрешни Спасовски. Премиерот Ковачевски пак тврдеше дека полицијата успешно се справува со криминалот.
-Да се доведете во состојба да барате помош од граѓаните за препознавање на лицето кое што пукало во трговскиот центар е понижувачко и доказ дека системот не функционира. За што тогаш граѓаните ги плаќаат службите и МВР? Во Македонија секој може да шета слободно со оружје и да прави што сака,- изјави – Драган Ковачки – Пратеник од ВМРО ДПМНЕ.
Пукањето во Ист Гејт министерот Спасовски вчера го оцени како изолиран случај. Откако неколку часа по пукањето во медиумите се појави видео снимка, а МВР објави фотографија од напаѓачот, оттаму и денеска велат дека се работи на негово расчистување.
Инцидентот со пукањето во Ист Гејт се најде и на седницата за пратенички прашања
Date: