Интер ја исфрли Барса во најспектакуларното полуфинале и ќе игра за тронот во ЛШ!

Date:

Екипата на Интер е првиот патник во финалето од Лигата на шампионите во Минхен, откако во нов луд натпревар со Барселона славеше по продолженијата со 4-3, откако во судиското надополнување од регуларниот дел израмни на 3-3. 

Дербито во Милано започна со по една полу-шанса на двете страни, а од првата вистинска Интер поведе со 1-0.  Голот на „Џузепе Меаца“го постигна Лаутаро Мартинез, но целата заслуга за тоа ја има бекот Дамфрис. Холандскиот репрезентативец излезе сам пред Шчесни, но несебично го проигра Лаутаро, кој ја погоди празната мрежа за водство на домаќинот.

Примениот погодок ги разбуди момците на Ханси Флик. Барса ја „нагази“ топката и се префрли на половината на противникот, но Јамал и Олмо не ги искористија своите шанси за израмнување. Во продолжение следуваа две судиски одлуки кои кренаа голема прашина. Прво, во 25. минута  Марчињак и неговите колеги од ВАР-собата не ја санкционираа играта со рака на Ачерби и не досудија пенал за Барселона, додека во самата завршница најстрога казна доби Интер. 

Првичната одлука на главниот судија беше дека нема казнен удар, но откако ја прегледа снимката на мониторот, констатираше прекршок врз Мартинез и покажа на белата точка. Фудбалерите на Барса бурно реагираа на тоа, но тоа не промени ништо. Сигурен реализатор на ударот од единаесет метри беше Чалханоглу за 2-0 за „нероазурите“. 

По разочарувачкото прво полувреме, каталонските фудбалери фуриозно го започнаа второто и за петнаесет минути целосно се вратија во игра. На 2-1 намали Ерик Гарсија, додека по точно еден час игра Дани Олмо со глава го матира Зомер за израмнување на 2-2. 

Десет минути подоцна ВАР одново беше во центарот на вниманието на „Меаца“. Полскиот судија досуди пенал за Барселона, по прекршокот на Чалханоглу врз Јамал, но од ВАР-собата ја поништија таа одлука, затоа што шпанскиот ас бил фаулиран на само неколку сантиметри од линијата која што го означува шеснаесетникот. Интер се реши да се брани со низок блок и својата шанса да ја бара преку контра напади, но оваа тактика на Инзаги се покажа како погрешна, затоа што Рафиња во 88. минута за првпат донесе предност за Барса во овој двомеч. 

Интер немаше друго решени и целосно се отвори, Ачерби се префрли во нападот и токму тој со мајсторска завршница го совлада Шчесни за 3-3 и продолженија. Лудото полуфинале продолжи со нов гол на домаќините и нов „земјотрес“ на трибините. За нова предност на Интер се потруди Фратези кој погоди по одлична тимска акција. До крајот на дополнителните триесет минути Барса притискаше, но не успеа да уште еднаш да се врати и го заврши својот настап во Лигата на шампионите. 

Големото финале во Минхен се игра на 31 мај. Противник на Интер ќе биде Арсенал или ПСЖ. Францускиот тим има предност од еден гол од првиот натпревар во Лондон.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Е. Пелистер добро се намачи за да го победи Охрид

Ракометарите на Еурофарм Пелистер дојдоа до победа над Охрид...

Кристал Палас направи чудо и го победи Манчестер Сити во англискиот ФА куп

Тоа беше ден кој засекогаш ќе живее во срцата...

Пјастри најбрз и на квалификациите на Имола

Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, ја освои пол-позицијата пред...

Рецепт за домашен сок од јагоди кој се подготвува брзо и лесно

Во сезоната на јагоди кога пазарите ќе замирисаат на...