Радиоводителката од Сиднеј, Ема Чоу, објавила видео на „ТикТок“ на кое бил прикажан млад човек и многу интересен „потсетник“ на неговата рака.
Кадрите се забележани во возот, а пораката гласела: „Испрати мејл дека раскинуваш“ (Send break up email).
Ема објавила и порака: „Дали е ова најлошиот начин да раскинете со некого?“, а видеото го погледнале повеќе од 3 милиони луѓе.
Истовремено се водела и жестока дебата за тоа дали е оправдано раскинувањето по електронска пошта.
„Морал да запише на раката, како не би заборавил неговиот мал мозок. На девојката ќе ѝ биде подобро без него“, гласел еден од коментарите.
Друг корисник се надоврзал: „Ништо страшно во денешно време“, додека третиот навел: „Ова веќе ми се случи еднаш“.
Многумина укажале на можноста да станува збор за потсетник за на работа. Имено, мејловите за „раскинување“ се користат како последен обид да стапат во обид со потенцијален клиент.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]