Интервју со Илинка Скаловска – новата ѕвезда на македонската музичка сцена

Date:

Мактел: Неодамна ја промовираше новата песна под наслов „Нова искра“. Со кого работеше на ова музичко дело, каде се снимаше спотот и која е пораката што сакаш да ја испратиш?

Скаловска:
Музиката, аранжманот и текстот на песната се мои, исто како и вокално-инструменталната изведба. Миксот и мастерингот, пак, го направив со Дејан Миленковски и Валентино Скендеровски. Спотот го снимав на неколку убави локации во нашиот главен град, Скопје. Главната порака што сакав да ја дадам преку оваа песна беше да пренесам позитивност и надеж – нешта кои ни се потребни во сите сфери на животот. Тие поими се фигуративно претставени и во насловот на песната – „Нова искра“.

Мактел: Досега имаш објавено пет твои музички дела кои можеа да се слушнат и да бидат видени на радијата и на телевизиите, но и на You tube. Раскажи ни нешто повеќе за нив.

Скаловска:
Моите први песни се музички преработки на три наши народни песни ,,Ој месечино“, „Кирјана вино продава“ и „Бегало бегало“.Изработив аранжмани кои се поинакви од вообичаените верзии што ги познаваме. Во нив поистакнато место имаше клавирот и внесов автентични стилски музички елементи. Потоа ја напишав композицијата „Светла душа“, во која има фолклорни елементи. Сметам дека нашиот фолклормногу убаво може да се вклопи со современата забавна музика. И тоа се обидувам да го правам. Модерна музика, со македонска фолклорна душа. Во оваа песна текстот е од мојот починат дедо, ТрajkoМатевски Рисимкин, кој беше познат македонски сликар, но пишуваше и поезија. Стиховите во „Светла душа“ се дел од неговата поетска книга со наслов „Со што се убива смртта“. Јас на тоа прашање би одговорила – со љубов. Покрај модерниот музички жанр јас пишувам и класична музика. Ја објавиив композицијата „Охридска песна“ за клавир и гудачки оркестар. Таа е посветена на градот Охрид, кој многу го сакам и сакам да престојувам во него секогаш кога можам. Спотот што го направив за оваа песна од публиката беше оценет како прекрасна, несекојдневна разгледница на Охрид, што за мене е големо задоволство. Тука би сакала да кажам дека за сите песни што сум ги објавила имам снимено спотови на различни локации во Македонија: во Охрид, Скопје, Лешок, Шар Планина. Тоа го гледам и како мој придонес во афирмирањето на убавините на Македонија.

Мактел: Имаш завршено дипломски и постдипломски студии по пеење, хорско диригирање и композиција на престижни конзерваториуми во Италија. Како би го опишала тој период од животот и од музицирањето?

Скаловска:
Тој период беше мошне убав, но и доста напорен, бидејќи не е лесно самостојно, со свои напори и на свој трошок да се студира во странство. Сепак тој престој во Италија ми овозможи да се стекнам со широки и корисни мзички знаења и да се запознаам одблиску со култура и музика кои се извонредни.

Мактел: Тука некако нормално се поставува прашањето, зошто не остана во Италија, односно зошто се врати во Македонија?

Скаловска: Може човек да остане во странство, но јас сметам дека не можеме и не треба сите да си заминеме од Македонија. Не знам каде ќе ме однесе животот во иднина, но засега сакам да бидам тука, да создавам музика и да придонесувам во промоцијата на македонската култура. Исто така ова го гледам и како продолжување на она што мојот дедо Тодор Скаловски го има направено на полето на културата и музичкото творештво во Македонија. Како негова внука многу природно беше од раното детство кај мене да се развие интересот за музиката. Се надевам дека со моите композиции ќе јазбогатам македонската музичка ризница.

Мактел:Пееш, компонираш, а исто така свириш и на повеќе инструменти. Кои музички жанрови те инспирираат за музичко творење и кои се инструментите што умееш да ги свириш?

Скаловска:
Мислам дека сите музички жанрови се убави на различен начин. За компонирање најмногу ме инспирираат класичната и народнатамакедонска музика. Во моментов паралелно создавам композиции во тие два жанра и сакам да издадам два албума. Што се однесува до инструментите, умеам да свирам на клавир, кој го свирам од мали нозе и сум највешта со него, но исто така мнгу добро свирам и на народните инструменти: тамбура, тапан и дајре.

Мактел: Велиш сите музички жанрови се убави на свој начин, може ли за нашите читатели, нашата публика да ни откриеш која музика ти е омилена, која најмногу ја слушаш?

Скаловска:
Како што напоменав и претходно, ми се допаѓаат сите музички жанрови и не се ограничувам на само еден. Слушам секаква музика, зависно од пригодата.

Мактел: Освен што пееш, компонираш, свириш на повеќе инструменти работиш и како модел? Каде е поголем предизвикот и како оди работата како модел?

Скаловска:
Со моделство се бавам само повремено, и морам да кажам дека повеќе го работев додека бев во Италија. Како почнав да ги правам спотовите почнав да создавам мои модни креации за нив. Во тие креации исто така вметнувам фолколрни елементи. Се обидувам да ја внесам македонската фолклорна традиција во модерната облека. Знаете, модниот дизајн ми бил предизвик, години наназад, но интересот за музиката преовладуваше во изминатиот период. Можеби во иднина ќе ги претставам моите дизајни на модната писта.

Мактел: Како и секоја млада девојка, колку внимаваш на изгледот?

Скаловска:
Според мене, за да имаме добар изглед најважно е да водиме здрав живот. За мојот изглед се грижам со тоа што редовно вежбам, здраво се хранам, избегнувам штетни пороци и сл. Шминкањето и следењето на модата пак, за мене се од секундарна важност.

Мактел: Дали ќе следат и други музички нумери и кои се твоите планови во врска со музицирањето?

Скаловска:
Секако ќе следат и други музички дела, било на полето на класичната музика, било на полето на фолклорот и забавната музика. Во план ми се неколку нови авторски композиции, како и неколку преработки на народни песни. Тука меѓу другото би сакала да кажам дека ми е многу мило што мојата музика побуди интерес и кај вас како медиум, како и кајнашите иселеници во Австралија. Се надевам дека тој интерес ќе расте. Мислам дека е многу важно да се одржува контактот со Македонија, како и да се следат културните настани во неа. Се надевам дека мојата музика ќе има успех и кај публиката во Австралија, а можеби еден ден и ќе настапам тука.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Песков: Украина може да влезе во ЕУ, но не и во НАТО

Кремљ денеска објави дека суверено право на Украина е...

Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ продаден во голем број земји ќе се прикажува и во Австралија

Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ во режија на Георги Унковски...

60 отсто од граѓаните го поддржуваат процесот на зачленување на Македонија во ЕУ

Над 60 проценти од граѓаните на Македонија продолжуваат со...

Ангелов: Ниту еден бранител не е опфатен со Законот за бранители

Лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов истакна предлог-законот за бранителите...