Интервју со Дарко Шерденков: Фестивалот СИ-ДО е препознатлив музички бренд за Битола

Date:

Еден од најреномираните детски фестивали во земјата, фестивалот „СИ-ДО“, оваа година одбележува 27 години постоење. Во петокот во големата сала на Центарот за култура се одржа најновото издание на фестивалот. По тој повод разговараме со директорот на фестивалот, Дарко Шерденков.

-Како го оценувате најновото издание на фестивалот?

Шерденков: Среќен сум што имавме уште успешно фестивалско издание, 27то издание на Детскиот музички фестивал СИ-ДО 2023. Сите генерации се собраа на едно место, се почувствува еуфоријата и радоста на многу мили деца во салата на Центар за култура Битола. Повторно одекна детскиот џагор и детската песна во Битола. На сите СИ-ДО sвездички од им честитаме за прекрасните изведби, за подготовките и дружбите кои ги имавме преку целата година. Големо браво и за нашето СИ-ДО распеано хорче. Благодарност за Маја Андоновска Илијевски за долгогодишните споделени прекрасни моменти и емоции, за Драгана Спасевска-Заги, за разиграните танцови групи на Expose и StepUp. Ги поздравуваме нашите верни посетители. Благодарност за поддршката од Министерството за култура и Општина Битола, општествено одговорните компании Пелистерка, СН Осигурителен Брокер АД Битола , Млекара Здравје Радово, Mintins, Киродандаро, ДОО ПЕТ, Office store. На крај благодарност и до сите останати соработници кои беа вклучени и допринесија за овај прекрасен настан. Традицијата продолжува. Битола има со што да се гордее.

Дарко Шерденков, директор на фестивалот „СИ-ДО“

-Какво е значењето на овој фестивал?

Шерденков: Еден од најреномираните детски фестивали во земјата, фестивалот „СИ-ДО“, оваа година одбележува 27 години постоење. Фестивал, кој стана препознатлив бренд за Битола, низ кој во текот на годините своите музички таленти ги покажале голем број на дечиња. Дел од нив веќе се познати и етаблирани музички имиња во земјава, а барем уште толку очекуваме да се афирмираат и да запловат во музичките води токму преку овој фестивал на кој му посакуваме уште многу успешни изданија. Затоа чест и задоволство ни е годинава преку уште едно издание на фестивалот дадовме простор за афирмација на младите музички таленти кои ги приредија уште еден музички празник во Битола.

-Како дојде до основање на еден ваков фестивал?

Шерденков: Фестивалот кој го носи името „СИ-ДО“ во чест на познатиот битолски педагог и композитор Петар Сидовски од почетоците па до денеска веќе се етаблираше во значаен двигател на детската песна на македонската музичка сцена. Во сите изминати години од фестивалот СИ-ДО имаат излезено многу хитови кои се влезени во македонската антологија на детска песна и секое издание на фестивалот е проследено со аудио и видео издание. Низ сите овие години имаат поминато многу генерации на деца. Фестивалот започна во далечната 1991 година со познатото име СИ-ДО во чест на Петар Сидовски. Првите години делуваа повеќе организации и пионерскиот дом во Битола, а од 2005 година под раководство на реномираниот композитор Миле Шерденков. Фестивалот СИ-ДО е музички белег во нашата држава, а посебно за градот Битола кој ја промовира и афирмира детската песна. Секоја година дефилираат над стотина деца од кои имаат произлезено многу афирмирани пејачи на македонската сцена. Денес овој музички фестивал има значајно место во културниот живот во Македонија, како и кај многу поклоници на овој вид музика, посебно кај најмладите.

-Многу хитови произлегле од овој фестивал. Што очекувате од последното издание во тој поглед?

Шерденков: Секоја генерација си има свои хит песнички, повозрасните генерации се сеќаваат на постарите хитови, новите генерации на актуелните хитови. За успешно одржување на фестивалот многу ни значи поддршката од сите кои препознаа квалитет во нас, за што искрено им се заблагодаруваме. Токму со таа поддршка одржуваме високо ниво на фестивалот по кој Битола е препознатлива. Задоволни сме што и годинава имавме успешно издание од кое верувам дека ќе останата запаметени многу нови хитови.

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

„Сакаат да ме убијат во затворот“: Осудениот пејач го моли Трамп да му ја намали казната од 30 години

Контроверзниот американски пејач Р. Кели официјално побара од претседателот Доналд...

Џенифер Лопез прошета во жешко издание на Сицилија

Џенифер Лопез (56) со полна пареа го започна летото...

Џони Деп призна дека го малтретирал Леонардо Дикаприо

Леонардо Дикаприо немал толку среќа. На снимањето бил малтретиран од...

Џенифер Гарнер откри како изгледа заедничкото родителство со Бен Афлек

Иако зад себе имаат бурен развод, холивудските ѕвезди Џенифер...