Доколку сте љубители на апликацијата Инстаграм, тогаш треба да знаете дека може да има воведување на платена верификација на корисничките профили.
Инженерот Алесандро Палуци ги открил овие намери на Инстаграм, а своите тврдења ги базира на кодот.
Тој сподели слики од екранот од кодот на апликацијата на социјалните мрежи, покажувајќи ги линиите „IG_NME_PAID_BLUE_BADGE_IDV“ и „FB_NME_PAID_BLUE_BADGE_IDV“.
Тоа јасно укажува дека „платена сина значка“ се однесува на сините значки што ги добиваат профилите на проверените корисници на оваа платформа.
FB и IG се однесуваат на Facebook и Instagram, што значи дека Мета размислува за верификација на платен профил на своите платформи.
IDV е добро познат акроним за „проверка на идентитетот“.
Палуци досега откри голем број ненајавени функции во минатото, вклучително и Instagram organizer.
Исто така, овој програмер наводно открил шифра поврзана со нов тип на претплата, но сѐ уште не е јасно дали е директно поврзана со платена верификација, пренесува ИТ Вести.
Twitter Blue е претплата која чини од 8 до 11 долари месечно и им овозможува на корисниците пристап до значка за потврда, како и до некои експериментални функции.
Платената верификација беше еден од првите потези на новиот сопственик на Твитер, Илон Маск.
Сепак, тоа беше неуспех бидејќи компанијата не спроведе заштитни мерки за да ги спречи корисниците да имитираат компании или познати личности.
Ако Мета навистина работи на платена верификација, тогаш треба да најде начин да не ја повтори грешката на Твитер.
Во моментов, многу е тешко да се потврди профилот, а постои и црн пазар за проверка на Инстаграм каде што луѓето плаќаат десетици илјади долари за да добијат ознака на нивниот профил.
Засега нема коментари од Мета за откритието на Палучи.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]