Иницијатива на регионалната стопанска комора во Прилеп и Битола за брендирање локални производи

Date:

Регионалната стопанска комора од Прилеп и Битола ја формираше иницијативата Алијанса за природна, вкусна, и здрава храна од Пелагонија и Преспа со која во иднина ќе се брендираат производите од овој регион кој е носечки во државава за производство на храна. Секоја компанија која сака да биде дел од оваа иницијатива и да го носи печатот „Произведено во Пелагонија-Преспа“ ќе мора да исполнува строги европски правила за производство на храна, што од друга страна пак ќе им донесе и големи бенефиции при извозот на ЕУ пазарите.

„Дали ќе биди кривогаштанска пиперка, дали крушевски локум или биено сирење од некој регион во тој правец се оди за да може да ги заштитиме и нашите производители и подобро да ги испромовираме. На домашните пазари и на странските пазари. Ќе бидат високи стандарди за безбедност за храна. Овие производи не само за земјоделецот, туку ќе бидат преработувани во пелагониски компании и ќе ги користат оние фондови кои Регионалните комори ги имаат или пак државни фондови. И ќе бидат подобро промовирани, значи промоцијата на тој производ на странски и локални пазари би била поголема“, истакна Никола Мариноски, претседател на Регионална стопанска комора Прилеп.

Според познавачите на приликите и агрономите ова е одлична иницијатива која во меѓународни рамки ќе донесе поголема промоција на она со што Македонија навистина може да се пофали, а тоа е квалитетна храна.

„Брендирање на произбоди со географско потекло во конкретниот случај од Пелагонија и Преспа би значело претставување во меѓународни рамки на она што е навистина препознталиво за нашата држава, а тоа е квалитетна храна која ќе даде поттик и на производителите да се погрижат да работат на квалитетот, а друга страна ќе обезбеди дополнителен раст на економијата“, изјави Филип Димкоски, агроном.

Се очекува правилникот и стандардите на целата оваа иницијатива целосно да се комплетираат идната година и да се започне со нејзина реализација.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Победа за ракометарите на „генералката“ пред СП против Зеленортски Острови

Ракометната репрезентација на Македонија се радуваше на минимална победа...

Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија

Екипата на Барселона е освојувач на трофејот во Супер...

Зверев рутински до второ коло, Либанецот Хабиб испиша историја во Мелбурн

Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во второто коло...

Ријана фрла со стрели: Пејачката заводливо позираше во градник и танга од црвена тантела

Популарната пејачка Ријана со стил ја започна 2025 година. Иако многумина...