ИНДИЈЦИ, НЕПАЛЦИ, ФИЛИПИНЦИ РАБОТАТ ВО МАКЕДОНИЈА: Дали газдите се задоволни?

Date:

Во текстилот и во туризмот генерално се задоволни од „увезената“ работна сила од странство. Велат дека овие луѓе ќе им помогнат нормално да тече работниот процес и да одговорат на клиентите. Од двата сектори објаснуваат дека на странските работници им треба одреден период за да се адаптираат кај нас, но сепак се трудат да се докажат на работното место.

„Доколку работниците не одговораат, газдите немаат обврска да ги задржат. Нормално, тоа е исто како престанок на работен однос. И нашите работници кога ќе отидат во Германија и Хрватска и доколку не ги исполнуваат обврските, секако дека нема да ги задржат. Работниците кои дојдоа се одговорни, имаат работна дисциплина, имаат почит кон работата“, вели Maријана Перковска од Текстилниот кластер.

Поради иселувањето на Запад и немање соодветна работна сила во земјава, имаме странски работници кои работат во повеќе сектори. И во македонските хотели работат странци.

„Таа работна сила може да ги исполни критериумите. Една средна оценка за почеток може да се даде. Можеме да им дадеме оценка 4. Луѓето доаѓаат во нова средина. Сакаат да работат, се трудат да не бидат избркани, ја почитуваат работата. Имаат желба, сакаат да останат и да ја завршат чесно работата и најчесто се ангажирани на позиции чистачки, собарки, помошници во кујна. Евентуално некој готвач што треба да поднаучи повеќе за нашата кујна. Кој и да е му треба еден месец да влезе во шема, затоа што сите работи не се исти. Да почнеме од една чистачка, тие хемиски средства што се користат тука, не се исти како во нивните земји. Земаа еден период како мал тренинг, но нема да видите дека не работат, дека забошотуваат, дека некој седи во работно време. Си ја извршуваат работата. Имаме работници од Непал, од Индија, од Филипини има, ама не многу. Чекаме до крајот на април нови работници да стигнат. Има  300-400 работници што не се стигнати“, вели Крсте Блажески од ХОТАМ.

Тој додава дека странските работници ќе им бидат од голема помош, ќе им помогнат да услужат повеќе гости, а од тоа бенефит ќе има и државата.

Инаку, пред една недела, газда од Прилеп пријавил во полиција дека четири работници од Непал му избегале, односно не се вратиле во куќата каде престојувале. Според податоците на Агенцијата за вработување, објавени лани во ноември, во Македонија има работници од Турција, Косово, Србија, Албанија, Индија, Непал, Украина, Русија, Грција. Тие работат како градежници, електричари, армирачи и слично. Владата лани ја зголеми квотата за работни дозволи на странци од 5.000 на 7.000.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Сиљановска-Давкова со Муцунски и Љутков во петок во Софија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во петок (13 септември) ќе ја...

МАКЕДОНСКИТЕ УЧЕНИЦИ УЧАТ 900 ЧАСОВИ ПОМАЛКУ ПОД СВЕТСКИОТ ПРОСЕК

Македонија се соочува со криза во учењето и според...

БРИЖИТ МАКРОН ЌЕ СЕ ИГРА СЕБЕСИ ВО СЕРИЈАТА „ЕМИЛИ ВО ПАРИЗ“

Првата дама на Франција Брижит Макрон ќе се појави...