ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН ВО ПРЕВОД НА СЛАВЕ КАТИН – II ДЕЛ
Веста дека кралот загинал веќе втаса и до логорот на утоката на реката Хидраот и предизвика голема тага, терор и вчудоневиденост од безнадежната положба без Александар Македонски. Плашејќи се дека вознемиреноста може да се прошири, Александар Македонски лично отиде со брод на реката Хидраот, во логорот, веднаш штом здравјето му беше подобро. Штом единиците го здогледаа шаторот на бродот помислија дека во него го носат телото на кралот.
Но, кога Александар Македонски го отвори шаторот и почна да мавта со рацете и кога на брегот се качи на коњот за да се покаже пред сите, a потоа отиде пеш до својот шатор, на радоста и немаше крај. Co солзи на очите војниците се радуваа што одѕвонуваше во пошумените клисури.
Од сите страни тие се туркаа да ги допрат рацете, колениците или алиштата на својот сакан крал, или барем да се загледаат во неговото лице и да искажат зборови на задоволство, затрупувајќи го со цвеќиња и панделки.
He може без емоции да се чита описот на Аријан за оваа сцена. Тоа го изразува задоволството кон личноста на Александар Македонски. Војската чувствуваше кон него длабока приврзаност. Затоа, се што беше неубаво меѓу него и неговите античките Македонци сега се заборави.
Теоретски неговите пријатели веројатно беа сосем коректни што го прекоруваа кралот за неговото однесување не како генерал туку како војник, при скокањето во замокот. Но, стариот Неотијанец имаше право, кога слушна дека Александар Македонски е лут за ова, му рече на негов дијалект дека „Должност на човекот е да води битка”, додавајќи стих од Софокле „Оној што води битка мора да трпи”.
Бидејќи тоа не беше освојување на град, туку акт на Александар Македонски што не се случува никогаш, а кој предизвика терор насекаде меѓу непријателот, затоа не само Малите туку и Оксидакрите му се покорија. Со овој спонтан акт сфатен и пренесен од возбудливата битка, Александар Македонски на свој начин прекумерно го искажа планот на походот.
Го стави племето Мали во стапица што ја имаше поставено на реката Хидраот, a ro покори племето Оксидрак без да води борба. Откако Александар целосно се окопити, флотата која во текот на овој интервал зајакна и се обнови, отплови од устието на реката Хифас до местото каде што реката Ацесин се влева во Инд.
Овде Александар Македонски ја определи јужната граница на својот северно индиски намесник, го остави намесникот Филип со неколку единици и му нареди да изгради град по име Александар на сливот на двете јреки.
Приближно половина пат од патувањето по реката беше завршено. Околу февруари 325 година започна патувањето низводно по реката Инд, чии брегови до морето беа конечно споени во намесништвото на Долна Индија и Пеитон. Многу поголеми војувања беа потребни пред да се освои овој регион, бидејќи населеипето, опишано како црномуресто спротивно на аријанските племиња на Северна Индија, кои очевидно беа Дравидијанци, беше под влијание на Брахминците, кои од религиозни побуди им всадија фанатична омраза кон туѓинецот.
Согдијанците, меѓутоа, кај кои Александар Македонски дојде прво, беа потчинети под јаремот на Малите, затоа стапија во пријателски однос со него, бидејќи тој ќе им овозможеше да се зголеми нивниот главен град и да го прекрстат во Согдијанска Александрија.
По на југ во земјата на Сомбос и Музикан кои владееја на западниот брег спроти големата пустина на источниот брег, се случија пожестоки борби, каде што иако нивниот крал избега, народот поттикнат од Брахминците се крена на оружено востание. Александар Македонски ги казни Брахминците со тоа што обеси неколкумина од виновниците.За да ја заштити својата власт, тој имаше неколку тврдини во Долна Индија зајакнати со гарнизони, а изгради и неколку нови градови. Овде, повторно се гледа значењето на воената и економската комбинација.
На крајот од јули 325 година, во деветтиот месец од неговото заминување од Никеа, дојде во градот Патала, на врвот на делтата на реката Инд. Кралот на градот, кој пред тоа му оддаде почит на Александар Македонски, избега од градот. Поради економската важност беа изградени плевни за овци, а беше направено и пристаниште за голем дел од индиската флота.
Co ова заврши експедицијата на Александар Македонски во Индија. Целата земја што се наводнува од реката Инд од Кашмир до морето, вклучувајќи го целиот Пенџаб, беше покорена. Оваа голема, богата и плодна земја беше приклучена кон неговата Азискоатичка империја под раководство на античко македонски намесници, на кои им беа потчинети сите тамошни вазалеки принцови (со исклучок на Порус).
Чудата на Индија што порано се знаеја само преку литературата или по слушање, сега ги видоа античките Македонци и античките Грци, а реалноста не се разликуваше од фантастичните описи на митолошките кажувања. Дотогаш во описите имаше грдосии какви што беа Киклоп и човекот со огромни стапала, создадени од Сцилакс, а кој и на Индија им ги придаде чудата на епската поезија, или монструми врз кои се темелеа претставите за Индија, но тие сега видоа дека тоа беше само прикаска за тамошните растенија и животни.
Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН