[et_pb_section fb_built=”1″ theme_builder_area=”post_content” _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default”][et_pb_row _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content”][et_pb_column _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” type=”4_4″ theme_builder_area=”post_content”][et_pb_text _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″]Новопечениот татко Лука Дончиќ одигра натпревар од соништата против Јута и влезе во историјата на НБА како првиот играч во историјата кој првото полувреме го завршил со 29 поени, 10 скока и исто толку асистенции.
Пред феноменалниот Словенец, само тројца играчи во последните 25 години успеаја да имаат „трипл-дабл“ по првото полувреме и тоа Расел Вестбурн, Никола Јокиќ и Домантас Сабонис, но ниту еден од нив немаше ефект како ѕвездата на Далас. Дончиќ веќе на половина меч го забележа 60-от „трипл-дабл“ во кариерата, а на вечната листа по овој статистички параметар ја престигна легендарната Лери Бирд.
Словенечкиот ас мечот го заврши со 40 поени, 10 скока и 11 асистенции, но важно е да се напомене дека Дончиќ воопшто не играше во четвртата четвртина, бидејќи Маверикси веќе имаа убедлива предност и на крајот извојува победа од дури 50 поени разлика (147-97).
Ноќва нов „трипл-дабл“ настап имаше и Никола Јокиќ, но на натпреварот против ЛА Клиперс српскиот репрезентативец ја имаше најлошата шутерска ноќ откако пристигна во САД и го облече дресот на Денвер.
Во поразот на својот тим (111-102), двократниот МВП на најдобрата лига во светот имаше ефект од 22 поени, 15 скока и десет асистенции, со исклучително слаб процент на шут од само 28 отсто. Јокиќ за 37 минути на теренот погоди само девет од 32-те удари, а само од линијата за слободни фрлања беше непогрешлив, бидејќи ги погоди и двата што ги упати.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]