ИМА СОМНЕЖИ ЗА КОРУПЦИЈА ОД ГОЛЕМИ РАЗМЕРИ Демократски сојуз бара мораториум на проектот со „Бехтел и Енка“

Date:

Демократскиот сојуз инсистира Државниот завод за ревизија да изврши ревизија над досегашните активности во врска со изградбата на коридорите 8 и 10 д, соопшти партијата на Павле Трајанов.

„Прво, дали потпишаниот Договор со „БЕХТЕЛ и ЕНКА” е во согласност со позитивните законски прописи на Македонија. Второ, дали фирмите за консултации и надзор се избрани во согласност со законските решенија. Извештајот што ќе го подготви, Државниот завод за ревизија да го достави до сите пратеници. Бидејќи претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, тврди дека Договорот со Бехтел и Енка е во целосна согласност со основниот закон за изградба на коридорите кои го предложиле и изгласале самите пратеници, а тоа значи префрлање на одговорност врз пратениците, Демократскиот сојуз бара деветте (или осумте) закони кои пратениците ги поднесоа за усвојување во скратена постапка, да се повлечат и Владата да ги достави до Собранието во редовна постапка. Во меѓувреме, постигнатиот Договор со Бехтел и Енка да се достави до сите пратеници и до јавноста, за да може да се направи анализа и стручна експертиза. Доколку Владата и натаму инсистира на тоа дека договорот е класифициран, за тоа да се произнесе Дирекцијата за безбедност и класифицирани информации. До завршување на сите овие претходни активности, да се стави мораториум на имплементацијата на овој стратешки проект. Инаку со индигнација ги отфрламе тезите на власта дека тие што наводно го оспоруваат овој проект, се против САД и ЕУ. Јавно соопштуваме дека има сомнежи за корупција од големи размери и сѐ додека не се обезбеди целосна транспарентност и ревизија на досегашните активности нема да поддржиме законски измени кои се резултат на веќе потпишаниот договор, за кој граѓаните треба да платат околу 2 милијарди евра“, наведено е во соопштението.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Победа за ракометарите на „генералката“ пред СП против Зеленортски Острови

Ракометната репрезентација на Македонија се радуваше на минимална победа...

Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија

Екипата на Барселона е освојувач на трофејот во Супер...

Зверев рутински до второ коло, Либанецот Хабиб испиша историја во Мелбурн

Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во второто коло...

Ријана фрла со стрели: Пејачката заводливо позираше во градник и танга од црвена тантела

Популарната пејачка Ријана со стил ја започна 2025 година. Иако многумина...