Има наредба од јавен обвинител и МВР веќе постапува за утврдување случаи со дивоградби

Date:

Министерството активно работи на утврдување случаи на дивоградби, најави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ветувајќи дека резултатите од овие постапки ќе бидат видливи во скоро време.

Тој потврди дека постои наредба од јавен обвинител, по која МВР веќе постапува.

„Во однос на тоа дали има наредба од страна на јавен обвинител, да, има и постапуваме. Ве уверувам дека како за сите предмети за кои се постапувало под ова раководство, така и во иднина нема да оставиме под знак прашалник ниту еден конкретен предмет во интерес на јавноста. Во однос на сите ќе постапуваме така како што ѝ прилега на една европска земја. За разлика од тие претходно, не сме Европејци само декларативно, тоа го покажуваме со дела“,рече Тошковски.

На прес-конференција во Владата, посветена на резултатите од првата година од неговиот мандат, Тошковски истакна дека, за разлика од претходно, сега има неселективна и бескомпромисна борба против секој што се огрешил пред законот.

„За разлика од претходно, сега МВР покажува дека можело да има неселективна и бескомпромисна борба спрема секој еден кој ќе се огреши пред законот. Го покажавме тоа со постапувањето против врховни судии, член на обезбедување на премиер, актуелни директори, министри, директори на институции коишто злоупотребувале буџет, актуелни, поранешни, и градоначалници“,рече Тошковски одговарајќи на новинарско прашање.

На прашањето дали е утврден случај на дивоградба во Чаир, она што изминатиот период е актуелно и кое скопската градоначалничка Данела Арсовска постојано го прзентира во јавноста, Тошковски изјави дека нема конкретни информации за тој случај, но увери дека се постапува и дека резултатите ќе бидат видливи наскоро.

Инаку, градоначалничката Арсовска на 29. минатиот месец објави дека Обвинителството ја почнало постапката по првата пријава за фалсификати поврзани со градби во Општина Чаир.

Истрагата се однесува на сомневања за фалсификување документи и незаконска легализација, а се поврзува со градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу.

Арсовска рече дека во ОЈО веќе се водат уште две постапки претходно започнати за градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, од кои првата за фасификување на целата архивска книга со броеви и барања за легализации, а втората за уште еден случај со уште еден соучесник.

Пред повеќе од еден месец, градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, ги достави сите релевантни докази што ги поседува во врска со дивоградбите во Чаир.

Претходно, Обвинителството ја повика да соработува и да поднесе конкретни пријави за дивоградбите, по кои ќе може да се постапува и да се спречи евентуално компромитирање на доказите.

Арсовска во мај изврши обиколка на неколку локации низ Општина Чаир каде што се извршуваат градежни активности, за кои таа обвини дека се дивоградби.

Ги повика на реакција надлежните институции и нагласи дека Град Скопје нема да дозволи да се шири урбанистички криминал со молк на институциите.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

МЗТ Скопје со еден поен ја доби драмата против ТФТ и остана без пораз на теренот во домашното првенство

МЗТ Скопје Аеродром славеше на гостувањето кај ТФТ Скопје...

Формула 1 нема да се вози во Бахреин и Саудиска Арабија

Формула 1 донела одлука од безбедносни причини да не...

THE LIFE AND WORK OF THE DONOR ATANAS BLIZNAKOV – PART I (1)

INTRODUCTION BY PROF. ALEKSANDAR ANCHEVSKI PhD. The life of Atanas...

Посни рецепти: Колач со рендани јаболка

Потребни состојки: 3 јаболка, рендани ½ шолја шеќер 1 ќесичка ванилин шеќер 1...