„Имаме среќа што сме живи“: Ѕвездата од 50 нијанси сиво заврши во болница

Date:

Џејми Дорнан, ѕвездата на филмот 50 нијанси сиво, по лошо ќе го памети својот одмор во Португалија. Додека бил на патување со водителот на „Good Morning Britain“, Гордон Смарт и други пријатели, на актерот одеднаш му се слошило, а исто и на Гордон.

На вториот ден од одморот, Гордон открил дека чувствува пецкање и скокоткање во левата рака, а во болницата било откриено дека има пулс од 120 отчукувања во минута. По излегувањето од болница, Гордон во хотелот пристигнал во момент кога и на Џејми му било лошо и добивал помош од медицинскиот персонал.

Тогаш Џејми му кажал на својот пријател дека му се вкочанети екстремитетите и потоа бил однесен со брза помош.

„Џејми рече: Драг мој Гордон, околу 20 минути откако си замина, мојата лева рака се вкочани, па мојата лева нога се вкочани и на крај и мојата десна нога се вкочани“, се сеќава Гордон.

„Среќни сме што излеговме живи“
Гордон почнал да чувствува пецкање додека играл голф. „Сите бевме апсолутно ужасно и почнав да чувствувам пецкање во левата рака, а потоа скокоткање. Јас сум син на лекар, па имајќи некои сознанија си помислив – Ова е знак за срцев удар“, изјавил Гордон.

Една недела подоцна, докторот му се јавил на Гордон и го известил дека неговите и симптомите на Џејми најверојатно биле предизвикани од отровни гасеници.

„Се испостави дека сме биле полазени од влакнести гасеници и имавме среќа што излеговме живи“, рекол Гордон. „И се испостави дека има гасеници на терените за голф на југот на Португалија кои убиваат кучиња и им предизвикуваат срцев удар на мажи во нивните 40-ти години“, додал тој.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Солидарност со Македонија – Перт обоен во боите на македонското знаме

Со цел оддавање на почит на загинатите млади луѓе...

Подобрена состојбата на еден пациент повреден во пожарот во Кочани примен на ВМА

Кај еден пациент повреден во пожарот во Кочани кој...