Илјада евра само за основни трошоци на едно семејство во Македонија – за друго ако остане

Date:

Само од јануари до сега, вредноста на минималната синдикална кошница е зголемена за 50 евра. Најмалку пари остануваат за лична хигиена и за здравје.

На едно семејство во Македонија му се потребни минимум илјада евра за да се подмират основните трошоци. Вредноста на минималната синдикална кошница за јуни изнесува 60.325 денари и е зголемена за 235 денари споредено со минатиот месец (60.090). Само од јануари до сега, вредноста на минималната синдикална кошница е зголемена за 3.162 денари односно за 5,5 проценти.

На семејствата кои живеат под кирија во стан од 60 квадрати во јуни им биле потребни 75.700 денари за основните трошоци. На храна и пијалоци, според пресметките на синдикатите, се издвојуваат 21.952 денари, за образование се предвидени 7.022 денари, а за станарина, вода, електрична енергија и греење 6.014 денари. Најмалку пари остануваат за лична хигиена – 1.827 денари и за здравје – 1.069 денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април годинава изнесува 41.085 денари и е за 13,7 отсто повисока отколку во истиот месец од минатата година.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Е. Пелистер добро се намачи за да го победи Охрид

Ракометарите на Еурофарм Пелистер дојдоа до победа над Охрид...

Кристал Палас направи чудо и го победи Манчестер Сити во англискиот ФА куп

Тоа беше ден кој засекогаш ќе живее во срцата...

Пјастри најбрз и на квалификациите на Имола

Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, ја освои пол-позицијата пред...

Рецепт за домашен сок од јагоди кој се подготвува брзо и лесно

Во сезоната на јагоди кога пазарите ќе замирисаат на...