Израел тврди дека го уништил клучниот тунел на Хамас меѓу јужниот и северниот дел на Газа

Date:

Израелската војска синоќа соопшти дека открила и уништила стратешки тунел на Хамас во Појасот Газа, што бил долг неколку стотици метри, јави ДПА.

Тој бил на длабочина од девет метри под Вади Газа, корито на реката што ги дели северниот и јужниот дел на Газа.

Борците на палестинската милитантна група Хамас го користеле тунелот за незабележено движење низ крајбрежниот појас, се додава во соопштението на израелската армија.

Израелските војници пред неколку недели зазедоа позиции долж Вади Газа, во обид да ги спречат борците на Хамас да се движат по копно меѓу двата дела на територијата.

Огромниот лавиринт од тунели изграден од Хамас – што колоквијално е познат како „Метрото во Газа“ – претставува огромен предизвик за израелските вооружени сили, соопшти ДПА.

Од терористичкиот напад на Хамас врз Израел, на 7 октомври, израелската војска се обидува да ја уништи групата и нејзината инфраструктура.

Израел проценува дека тунелите се протегаат на стотици километри низ малиот и густо населен Појас Газа.

Се верува дека повеќето од над 100-те заложници, кои сè уште ги држи Хамас, се во тунелите. Исто така, се верува дека шефот на Хамас во Газа, Јахја Синвар, и неговите највисоки команданти се кријат во тунелите јужно од Вади Газа во областа Кан Јунис.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Кејти Пери објави нови фотографии со момчето Џастин Трудо

Кејти Пери сподели уште еден интимен момент со своите...

Ќерката на Синди Крафорд го украде шоуто во проѕирна чипкана креација

Оскарите ќе се одржат на 15 март 2026 година...

МЗТ Скопје со еден поен ја доби драмата против ТФТ и остана без пораз на теренот во домашното првенство

МЗТ Скопје Аеродром славеше на гостувањето кај ТФТ Скопје...

Формула 1 нема да се вози во Бахреин и Саудиска Арабија

Формула 1 донела одлука од безбедносни причини да не...