ИЗРАЕЛ НАРЕДИ ЕВАКУАЦИЈА НА 1,1 МИЛИОН ЖИТЕЛИ НА ГАЗА, НА КОЈА ЗА ШЕСТ ДЕНА ПАДНАЛЕ 6.000 ПРОЕКТИЛИ

Date:

Израелската војска им кажа на Обединетите нации дека сите кои живеат северно од Вади Газа би требало да се преселат во јужна Газа во следните 24 часа. Се проценува дека на тој простор живеат 1,1 милион луѓе, што е околу една половина од вкупното население во Појасот Газа, а тука се наоѓа и густо населениот град Газа. Вади Газа е речна долина сместена во центарот на Појасот Газа.

Предупредувањето беше издадено синоќа пред полноќ по локално време и беше осудено од Обединетите нации, кои побараа наредбата да биде повлечена, сметајќи дека евакуацијата е невозможна и ќе има катастрофални хуманитарни последици.

Израел се подготвува за копнена офанзива во Газа, откако на границата распореди десетици илјади војници и тешка артилерија.

„Ќе можете да се вратите во градот Газа дури откако ќе биде објавено ново соопштение што ќе го дозволи тоа. Им препорачуваме на цивилите да се евакуираат заради нивна безбедност и за да се дистанцираат од терористите на Хамас кои ги користат како човечки штит. Во следните денови, Израелските одбранбени сили ќе продолжат значително да дејствуваат во градот Газа и затоа сакаме да избегнеме цивилни жртви што е можно повеќе“, објави ИДФ.

Израелската војска соопшти дека за шест дена паднале 6.000 проектили на илјадници цели на Хамас во Газа, што е рамно на 4.000 тони експлозив. Во воздушните напади загинале над 1.400 луѓе.

„Цивилите не се нашиот непријател. Сакаме да ги минимизираме цивилните жртви додека ги напаѓаме целите во Газа. Знаеме дека евакуацијата не е лесен процес и ќе треба време“, изјави портпаролот на војската Џонатан Конрикус.

Израел воведе целосна опсада на Појасот Газа, прекинувајќи го снабдувањето со струја, вода, храна и гориво.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Победа за ракометарите на „генералката“ пред СП против Зеленортски Острови

Ракометната репрезентација на Македонија се радуваше на минимална победа...

Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија

Екипата на Барселона е освојувач на трофејот во Супер...

Зверев рутински до второ коло, Либанецот Хабиб испиша историја во Мелбурн

Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во второто коло...

Ријана фрла со стрели: Пејачката заводливо позираше во градник и танга од црвена тантела

Популарната пејачка Ријана со стил ја започна 2025 година. Иако многумина...