Израел врши „етничко чистење“ на Западниот Брег, нагласува палестинската управа

Date:

Палестинското претседателство денеска го осуди „етничкото чистење“ што Израел го врши на окупираниот Западен Брег , изјави неговиот портпарол во изјава за агенцијата „Вафа“, додека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е во Соединетите држави каде ќе се сретне со претседателот Доналд Трамп.

Осудувајќи ги воените операции извршени од Израел во последните денови, главно во северниот дел на Западниот Брег, Набил Абу Рудеина оцени дека тие имаат за цел „да ги спроведат плановите за присилно раселување и етничко чистење“.

Тој ја повика американската влада „да интервенира (…) пред да биде предоцна. Ако овие насилства продолжат, процени Абу Рудеина, тие може да доведат до „неконтролирана експлозија на ситуацијата, за која цел свет ќе ја плати цената“.

Израел изврши широка воена операција на северниот дел на Западниот Брег во неделата, уништувајќи многу згради, според израелската армија и додаде дека од 14 јануари убиле повеќе од 50 „терористи“. Со поддршка од багери, беспилотни летала и оклопи возила израелските сили започнаа масовна операција во Џенин на 21 јануари, со цел да ги елиминираат борците на Хамас и Исламскиот џихад. Операцијата започна два дена по почетокот на примирјето во Појасот Газа меѓу Израел и Хамас.

„Палестинскиот народ нема да прифаќи какво било принудно раселување“, нагласи палестинското претседателство, осврнувајќи се на предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за префрлање на Палестинците од Појасот Газа на „побезбедни места“, како Египет или Јордан.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Силекс запиша планирани три бода, Шкендија Арачиново оствари историска победа во Кавадарци

Фудбалерите на Силекс стигнаа до втора победа во третото...

Феран Торес ја напушти Барса и потпиша за ПСЖ

Пари Сен Жермен објави дека ги обезбеди услугите на...

Тенкови поминаа низ Варшава, авиони летаа над градот, Полска го покажа новото оружје

Во услови на тековната руска инвазија на соседна Украина,...