Израел води тајни преговори со Конго за прифат на бегалци од Појасот Газа

Date:

Израелските власти водеа тајни преговори со африканската држава Конго и неколку други земји за потенцијално прифаќање бегалци од Појасот Газа, објавија денеска израелските медиуми.


-Конго е подготвен да прифати бегалци, но ние сме во преговори и со други, потврдил висок функционер на израелската служба за безбедност, пренесува Тајмс оф Израел.


Министерот за разузнавање Гил Гамлиел, вчера во Кнесетот изјави дека на крајот на војната, владата на Хамас ќе пропадне, нема да има локални власти, а цивилното население ќе биде целосно зависно од хуманитарна помош.

Велејќи дека омразата (на Израел) ќе продолжи во Газа и дека новите напади врз Израел се само прашање на време, тој додаде дека проблемот со Газа не е само израелски проблем.


-Светот треба да ја поддржи хуманитарната емиграција, бидејќи тоа е единственото решение што го гледам, рече Гамлијел.

Официјален Вашингтон вчера ги осуди екстремно десничарските израелски министри Безалел Смотрич и Итамар Бен Гвир за залагањето за преселување на Палестинците од Газа.


-Оваа реторика е запалива и неодговорна, рече портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ЕТНОГЕНЕЗАТА – ПОТЕКЛОТО НА ДРЕВНИТЕ (АНТИЧКИТЕ) МАКЕДОНЦИ (5)

ДЕЛ ОД АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „ИЗБОР НА ТРУДОВИ“...

Дејвис Куп: Македонија загуби од Летонија, но обезбеди пласман во Втората Европска зона

Македонската Дејвис Куп репрезентација ја оствари главната цел на...

Германско финале во ЛШ: Магдебург по голема драма ја победи Барса

Магдебург се пласираше во финалето на Лигата на шампиони,...

Киноа-салата со печен сладок компир, авокадо и фета

Оваа салата е вистински фестивал на бои и вкусови...