Израелски војник со чекан уништи статуа на Исус во Либан

Date:

Фотографија на израелски војник кој удира статуа на Исус со чекан во јужен Либан предизвика широка осуда низ светот, објави „Ен-би-си њуз“.

Израелската армија денеска потврди дека сликата, која масовно се споделува на интернет и е прегледана повеќе од 5 милиони пати на платформата „Икс“, е автентична.

Уништувањето на статуата, која се наоѓа на работ на Дебл во јужен Либан, во близина на израелската граница, предизвика бран реакции и осуди од луѓе ширум светот, меѓу кои писатели и активисти кои го изразија својот гнев на социјалните мрежи.

Други корисници изразија тага, обвинувајќи го војникот дека ја уништил статуата „намерно“.

„Ќе почекаме портпаролот на ИДФ (армијата) да каже дека ‘војникот се почувствувал загрозен од Исус’,“ изјави Ајман Одех, арапски член на израелскиот парламент.

Ахмад Тиби, исто така арапски пратеник, во објава на „Фејсбук“ изјави дека оние што уништуваат џамии и цркви во Газа и плукаат по христијански свештеници во Ерусалим без последици, исто така, не се плашат да оштетат статуа на Исус Христос и тоа јавно да го споделат.

„Можеби овие расисти, исто така, научиле од Доналд Трамп како да го навредуваат Исус Христос и папата Лав? Кога Западот молчи, расизмот дополнително се засилува,“ праша Тиби, осврнувајќи се на неодамнешни контроверзии поврзани со американскиот претседател, кој објави слика генерирана со вештачка интелигенција на која е прикажан како сличен на Исус Христос, како и на јавен спор со папата Лав 14, кој се изјасни против војната во Иран.

Додека израелската армија најави истрага, инцидентот доаѓа во контекст на пријавени прекршувања на религиозни објекти, вклучувајќи џамии и цркви во Газа и на Западниот Брег, од почетокот на војната во октомври 2023 година.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ПМФЛ: Тиквеш и Струга ремизираа, само бод за Шкендија против Арсими

Со идентичен резултат 2-2 завршија двата воведните натпревари од...

Сабаленка против Рибакина ја брани титулата на Ју-ес Опен

Арина Сабаленка и Елена Рибакина ќе се сретнат во...

THE NEWSPAPER “MACEDONIAN NATION” (1971-1990) – PART I (48)

PART OF THE MONOGRAPH “GOJKO JAKOVLEVSKI” BY SLAVE KATIN Information...

Чудо колач

Кора со какао, кора со мак, слој чоколаден намаз,...