Шефот на Регионалниот совет на Шаар Ханегев, Офир Либштајн, е убиен во саботата во размена на оган со терористите кои се инфилтрирале во Израел од Газа, јавија израелските медиуми. Либштајн во март годинава ја посети Битола по повод 80- годишнината од депортацијата на македонските Евреи.
Во таа прилика Либшајн од Израел дојде заедно со Рахел Шели Леви Друмер, македонска Еврејка, внука на доктор Хаим Абраванел, чие име го носи Здравствениот дом во Битола.

Според израелските медиуми Либштајн излегол со оружјето да се бори против терористите кои се инфилтрирале во Кибуц Кфар Газа.
Покојниот Офир Либштајн, оженет со Лорд и татко на четири деца, живееше во Кибуц Кфар Газа, беше на чело на Регионалниот совет на Шаар Ханегев од 2018 година и неодамна ја објави својата намера да се кандидира на претстојните избори во октомври за да продолжи со втор мандат.
Служел во израелската армија како воен лекар и инструктор во медицинскиот кор.
Регионалниот совет на Шаар Ханегев изјави: „Со голема тага и болка известуваме дека шефот на регионалниот совет, Офир Либштајн, беше убиен во размена на оган со терористите. Офир беше убиен кога излегол да ја брани населбата за време на терористите напад. Раководството на советот, вработените и целата заедница на Шаар Ханегев се тажни поради неговото заминување.
Заменик-шефот на Советот, Јоси Керен моментално го пополнува неговото место. Раководството на Советот и тимот за итни случаи на Советот продолжуваат да управуваат со настаните.
„Срцето плаче и одбива да верува“. Мојот драг пријател Офир Либштајн беше убиен од терористи додека ја извршуваше својата должност – да ги заштити своите жители. Изгубивме уникатен човек, водач со висок раст, кој секогаш го имаше доброто на своите жители пред очи – во животот и во неговата смрт. Се молам и посакувам на драгото семејство и на жителите да нема повеќе тага“, изјави претседателот на Регионалниот совет на Сдот Негев, Тамир Ајдан.



