Израелската војска најави ескалација во Газа

Date:

Израелската армија одржа прес-конференција, на која говореше портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ), контраадмирал Даниел Хагари.

ИДФ соопшти дека убила десетици милитанти на Хамас во текот на ноќта. Хагари вели дека силите постепено напредуваат во Газа како дел од копнената операција и дека имало директен контакт со борците на Хамас.

Исто така, се предупредува дека активностите ќе ескалираат, а израелските сили се ставени во висока готовност по должината на северната граница.

„Нашите активности и операции ќе продолжат и ќе ескалираат според фазите на војната“, рече тој, а потоа додаде: „Ова е проширена копнена операција во Појасот Газа. Копнените сили, тенковите, пешадиските сили и силите на оклопниот кор се движат кон терористите“, рече тој.

„Терористите се групираа во одредени области за да се обидат да ги таргетираат нашите сили, а ние ги напаѓаме од воздух, така успеавме да нападнеме и да убиеме 20 терористи. Има и директен контакт меѓу копнените сили и терористите. Борбите се водат во Појасот Газа“, рече тој.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Се проширува листата на осомничени, првите пациенти на лекување во странство се очекува да се вратат во понеделник

Активностите на полицијата и на Обвинителството за истрагата за...

Се бара 30 дневен притвор за Бектеши

Oсновното јавно обвинителство бара 30 дневен притвор за поранешниот...

ВМА-Белград: Ако има потреба, стоиме на располагање за дополнително сместување повредени од Кочани

Воено-здравствениот систем и ВМА се достапни за евентуално дополнително...

ФФМ со реакција: Мечот на Македонија У21 го одбележа катастрофалното судење!

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година доживеа пораз од...