Изложба со македонски икони ќе се организира во Музејот на Ватикан

Date:

Изложба со македонски икони во Музејот на Ватикан е една од точките за која е постигнат првичен договор помеѓу министерката за култура, Бисера Костадиновска- Стојчевска и заменикот уметничко- научен директор на Музејот, Џандоменико Спинола, на нивниот состанок одржан во Ватикан. Нашата држава одново ќе има прилика на светската јавност да и го претстави културното наследство и вредните икони изработени од македонски автори.

Покрај оваа изложба, за која музејот во Ватикан покажал особен интерес, било договорено да се овозможат услови за организирање и на други изложби преку кои македонската уметност ќе се промовира како дел од европската, со своја посебност и важност. Министерката Костадиновска- Стојчевска го поканила директорот Спинола во Скопје за оваа соработка да продолжи со настани низ нашата држава низ кои Ватикан ќе претстави дел од својата уметничка архива.

Значењето на македонското културно наследство беше и во фокус на изложбата „Манастирите од Македонија“ која е поставена токму во Ватикан, во македонската амбасада, на која преку фотографиите на Стојан Стојановски светот се запознава со средновековните манастири.

При посетата на изложбата Костадиновска- Стојчевска ја потенцираше непроценливата вредност на нашето културно и историско наследство, како и умешноста на градителите на македонските цркви и манастири.

Заедничките планови со Ватикан за во иднина, како и поставената изложба се потврда за добрите, и нов потег да се продлабочат 30 годишните прјателски односи кои ги имаме со Светиот Престол и преку која меѓународно ја промовираме македонската културна историја.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

MACEDONIAN EMIGRANT MEDIA BEFORE WORLD WAR II (15)

PART OF THE BOOK “SELECTED PAPERS FOR MACEDONIA” BY SLAVÉ...

Шон Пен не дојде да го земе третиот Оскар

 Шон Пен не се појави на доделувањето на Оскарите...

„Форбс“ ги избра најплатените актери и актери: Кој и колку заработи во 2025 година

Холивуд веќе некое време се прашува дали филмските ѕвезди ја...