Излезе трејлер за „Asteroid City“, филмот во кој глуми „половина Холивуд“

Date:

Објавен е првиот трејлер за долгоочекуваниот нов филм на легендарниот режисер Вес Андерсон, „Asteroid City“, и веднаш стана голем хит на Јутјуб.

Во рок од еден ден, трејлерот доби повеќе од 7,5 милиони прегледи и над 1000 коментари, а луѓето се во главно воодушевени од истиот.

Пред сè треба да се нагласи дека Андерсон за овој филм ја ангажирал холивудската актерска „крема“ односно ѕвезди од А-листата. Во филмот глумат Том Хенкс, Скарлет Јохансон, Брајан Кренстон, Едвард Нортон, Џејсон Шварцман, Тилда Свинтон, Едриен Броди, Марго Роби, Стив Карел, Лиев Шрајбер, Мет Дилон, Вилем Дафо, Џеф Голдблум, Руперт Френд и многу други.

„Го ставил половина Холивуд во филм“

Љубителите на филмовите на Андерсон воочиле дека и овој филм е направен во неговиот препознатлив стил, а тоа го заклучиле и бројните корисници на Јутјуб кои го коментирале трејлерот.

„Само Вес Андерсон може да собере ваква актерска екипа на едно место“, „Кога мислиш дека Вес Андерсон го допрел врвот, тој го прави ова“, „Баш ми е мило што го ставил половина Холивуд во еден филм“, „Точно вака го замислував филмот“, се дел од коментарите.

Приказната на „Asteroid City“ се одвива во измислен американски пустински град околу 1955 година, а го следи таткото на 4 деца кои ги вози во посета на нивниот дедо. По пат му се расипува автомобилот во Астероид Сити и се присилени да останат таму. Во градот, семејството запознава бројни луѓе и започнуваат да се случуваат разни необични нешта.

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ПМФЛ: Тиквеш и Струга ремизираа, само бод за Шкендија против Арсими

Со идентичен резултат 2-2 завршија двата воведните натпревари од...

Сабаленка против Рибакина ја брани титулата на Ју-ес Опен

Арина Сабаленка и Елена Рибакина ќе се сретнат во...

THE NEWSPAPER “MACEDONIAN NATION” (1971-1990) – PART I (48)

PART OF THE MONOGRAPH “GOJKO JAKOVLEVSKI” BY SLAVE KATIN Information...

Чудо колач

Кора со какао, кора со мак, слој чоколаден намаз,...