ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ ПИСАНИЕТО „ПОВОД 78“ КОЕ Е ПОСВЕТЕНО НА МАКЕДОНСКИОТ ПРАЗНИК ИЛИНДЕН

Date:

Новиот број на сисанието „Повод 78“ за август е издание за литература, култура, историја и општествени прашања. Него го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, кое е најпознато меѓу македонските иселеници во светот, особено во Австралија

Бројот 78 на списанието „Повод“ е посвете на делото Антологијата на македоската поезија во Австралија „ИЛИНДЕН ВО НАШИТЕ СРЦА“ , во кое се застапени песните „Илинден наш светотл празник“ од Гордана Димивска, „Илинден“ од Гордана Александрова, „Илинден – 2 Август 1903 година“ од Ристо Галевски, „Илинден 2 Август’ од Горан Јовановски,„Вечно сеќавање на Елпида Караманди“ од Оливера Јовановска, „Лузни вековни“ од Горан Маслинковски, „Илинденска епопеја“ од Наум Пауновски „Крушевска Република“ од Виолета Ристевска, „Илинденска крштевка“ од Иван Трпоски, „Илинденска“ од Димче Џајкоски и “Илинден“ од Спасе Трпоски,

Посебен простор во овој број на Повод е посветен на рецензијата на проф. д-р, Виолета Ачкоска за Антологијата на македонска поезија од Австралија „Илинден во нашите срца“, на македонски и на англиски јазик, Во неа, меѓу другото, се вели дека Антологијата е во издание на Македонското литературно друштво „Григор Прличев” од Австралија, кое со децении го негува убавиот македонски збор, македонските традиции и корени. Објавените песни се со силен патриотски набој, како потсетник за славното минато, опоменуваат и повикуваат да застанеме повторно простум. Тие претставуваат уште еден голем бедем, тврдина против посегањата врз македонската историја, име, јазик и идентитет, кои ефтино ги продадоа и ги продаваат дел од политичките гарнитури во Република Македонија. Во објавените песни, од кои извираат низа лирски призвуци кон македонските борци за слобода, за нивната храброст и непокор и описи на епски сцени на борбата против многубројните непријатели, своето срце го отвораат голем број македонските поети.

Во продолжение во овој број е поместен текстот на Фиданка Танаскова под наслов „Прославен Илинден 1903, 1944, 1991“ масовно, свечено гордо, достоинствено“, во кои е забележано дека беше одбележан славниот празник Илинден со оддавање почит и со вечен незаборав на хероите, јунаците, на комитите, војводите, револуционерите, борци-Македонци, на илјадниците знајни и незнајни синови македонски. Тие наши претци кои со многуте битки буни, востанија, со борбите за слобода на родната земја низ вековите, испишаа неизбришливи страници, испишаа летопис на непокорот, храброста, родољубието и вистината.

Исто така во текот на Илинденските прославен во Сиднеј се поместени песните „Во спомен на Илинден и Илинденци“ од Иван Трпоски, „Илинден – ден на обединување„ од Гордана Димовска и текстот „Клеопатра од Кравари – психолошки омаж за еден губитнички карактер“, за прилогот од Иван Трпоски во врска со претставата „Клеопатра од Кравари“ од авторот Душан Ристевски (Повод 77), како и текстот на македонски и на англиски за двете книги „Спомени на Нерет“ и „Дијалектички речник на Нерет“.

Посебен простор е посветен на текст на Иван Трпоски под наслов „40 години од протестот пред Грчката амбасада во Канбера“. Во него, меѓу другото, се вели дека 1-ви август 1986 година, е ден, кој го насетувавале како прво протестно крштевање, како почеток на еден процес во кој на цивилизиран начин ќе го изразат нивниот револт против грчката власт, која го асимилира и разнебити македонскиот народ во егејскиот дел на Македонија. Напоени со патриотизам и родољубивост, Македонците од сите краеви на Австралија допатувале на собирното место, во Кумбијан (населба во предградието на Канбера) за да го искажат својот оправдан гнев, најпрво пред австралискиот парламент (кој ги симпатизираше бројните грчки емигранти поради дневно политички причини, т. е. поради бројното нивно гласачко тело), а потоа и пред грчката амбасада во Канбера, која Македонците ја доживуваа како вистинска шовинистичка Бастилија.Потоа Александар Донски го презентира текстот под наслов „Неочекуван настан во куќата на Тоше Проевски“, а во продолжение е поместена песната „На Тоше Проевски’ на Славица Ристевска, како и текстот под наслов „Поетски бисери“ од Митре Мангоски Радождански.

Посебно место во овој број е посветен на текстот на Душан Ристевски-Македон под наслов „Славе Катин – добитник на престижната награда „Клучевите на Преспа 2026“, во кој, меѓу другото, е забелезано дека оваа награда му е доделена на Катин за неговиот животен придонес во афирмацијата на иселеништвото и Македомија, како и за неговите постигнувања во публицистиката, науката, новинарството за неговиот повеќедецениски придонес во афирмацијата на Македонија во светот и неговата трајна поврзаност со Преспа, како и за афирмацијата на македонското иселеништво ширум светот, со особена нагласка на иселеништвото од етничка Преспа. Признанието му е доделено во рамките на Интернационалниот театарски фестивал „Актерот на Европа“, коорганизиран од Универзитетот за аудиовизуелни уметности – ЕФТА – Скопје.

Во продолжение е текстот под наслов „Еден век од осветувањето на храмот „Пресвета Богородива во Волино“, потоа песната „Петровденски спомен“ од Иван Трпоски, како и текстот на Фиданка Танаскова под наслов „Македонски фолк бисери на Европската сцена“, а се однесува на секогаш позитивната атмосферата, во фолклорната секција на Здружението на пензионерите „Солидарност“ од Скопје. Потоа е даден текстот на Божин М. Андоновски под наслов „Песната е моето секојдневие“.

Посебен просто е посветен на поетесата од Германија Соња Таировска-Ѓурчак. Притоа е поместен дел од нејзиното поетско творештво, како и текстовите на Александар Донски под наслов „Македонците го основале првиот музеј и биле пионери во книгоиздател-ството“, како и текстот на англиски јазик „Македонски полуостров“ од Ристо Стефов.

На крајот во рубриката „Еден поет – една песна“, Иван Трпоски го претставува поетот Саво Костадиновски од Герминија со песните „Свети Климент“, Свети Наум Охридски“ и „Свети Кирил и Методиј“, како и текстот за покојниот наш колега Јован Павловски, за на крајот да заврши со наградниот конкусот за Прличевата награда.

Пишува СЛАВЕ КАТИН

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

НАФТАТА ДОСТИГНА 108 ДОЛАРИ ЗА БАРЕЛ, гасот над 1.000 долари

Цените на нафтата денес се искачија над 108 долари...

Рокас: Посетата на Фон дер Лајен може да го забрза европскиот пат на Македонија

Амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас, најави...

Кумановец му се заканувал на Мицкоски преку пораки дека ќе го убие, обвинителството бара притвор

Триесет и деветгодишен жител на кумановското село Черкези е...