Излезе вториот еротски трејлер со Никол Кидман

Date:

На почетокот на октомври, „Студио А24“ го објави првиот трејлер за долгоочекуваниот еротски филм „Мала девојка“ (Babygirl) со Никол Кидман и Харис Дикинсон во главните улоги. Иако филмот пристигнува во кината на 25 декември, тој веќе предизвика многу полемики поради изјавата на актерката дека морале да прекинат со снимањето бидејќи ѝ е преку глава од оргазми.

Сега е објавен вториот официјален трејлер кој предизвика различни реакции кај љубителите на филмот. Додека многумина едвај чекаат да го видат, некои негодуваа поради фактот дека филмот ќе биде прикажан на Божиќ.

„Вистински божиќен филм за гледање со семејството … Воопшто нема да биде чудно“, „Веќе можам да видам дека ова ќе биде филм што традиционално го гледаме секоја година за време на празничната сезона“, „Овој Божиќ јас го добив она што го сакам – Харис Дикинсон во еротски филм“, се пошегуваа луѓето во коментарите на Јутјуб.

Многумина рекоа дека едвај чекаат да го видат филмот и дека вториот трејлер е подобар од првиот.

„Песната, монтажата, тензијата што се чувствува во трејлерот … Едвај чекам“, „Никол ќе биде одлична во оваа улога“, беа дел од коментарите.

Режисерката Халина Рејн инспирацијата  ја најде во филмот „Основен инстинкт“ и во приказната за жена која не доживеала сексуално задоволство во 25 години брак. Никол беше привлечена од улогата бидејќи претставуваше нов предизвик во нејзината кариера, рече таа.

Неодамна, во интервју за „Сан“, таа призна дека сцените со Харис Дикинсон и Антонио Бандерас, кој го игра нејзиниот сопруг, понекогаш биле премногу напорни. Рекла дека се чувствува фрустрирано и повремено мислела дека повеќе не сака да снима такви сцени. Таа го опиша чувството на исцрпеност што ги доживеала за време на снимањето.

„Имаше огромна количина на споделување и доверба, а потоа и фрустрација. Би рекла: „Не ме допирај“. Во некои моменти за време на снимањето помислив дека не сакам повеќе да доживувам оргазам „Не ми се приближувај. Мразам да го правам ова. Не знам дали сакам некој повторно да ме допре во мојот живот. Доста ми е.“, раскажа Кидман.

За нејзината изведба во овој филм, таа ја доби наградата за најдобра актерка на филмскиот фестивал во Венеција.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Луда маратонска трка, го победи ривалот за 0,01 секунда

Маратонот што се одржа во Лос Анџелес веројатно ќе...

Победа на Вардар и реми на Шкендија во ПМФЛ

Лидерот на табелата Вардар постигна победа од 1:0 на...

Рецепт за кус кус со печурки и праз: Превкусен посен појадок

Време е на велигденските пости, а овој појадок можете...

Две држави би можеле да преживеат НУКЛЕАРНА ВОЈНА, Австралија и Нов Зеланд

Во случај на глобална нуклеарна војна, т.е. во крајниот,...