ИЗИС: Универзална сала се соочува со ризик да се сруши, таа е ризик за скопјани

Date:

Советниците на Град Скопје на 20 јули оваа година изгласаа инцијатива градот времено да ја отстапи Универзалната сала на Министерството за култура за да ја доврши реконструкцијата на објектот откако градоначалничката Данела Арсовска прво ги запре работите кои веќе беа започнати во мандатот на нејзиниот претходник Петре Шилегов.

Но, иако за примопредавење на надлежноста за Универзална за да продолжи рекострукцијата беше утврден рок од седум дена, овие денови изминуваат четри месеци, а од спроведување на оваа обврска на Град Скопје нема ништо, а со тоа нема ништо ниту од почетокот на работите на обновата на салата.

Од Министерството за култура информираа дека и покрај неколкуте обраќања и обиди работите да се поместат и да се спроведе одлуката на Советот на градот, од канцеларијата на градоналничката продолжува молкот по оваа иницијатива.

Во меѓувреме, дополнуваат од Министерството за култура со одлагање на продолжувањето на реконструкција на Универзална сала растат ризиците за штети на веќе спроведените зафати заради изложеноста на објектот на атмосферските влијанија.

Пред две недели, на брифингот со новинарите, министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска информираше дека уште во месец јуни добила две известувања од Институтот за земјотресно инженерство дека Универзална сала веќе е во опасност да падне.

„Многу долго е отворена, многу долго е со скелиња, ни следи време на зима, дождови, снегови и (од ИЗИС н.з.) викаат дека мора да се затвори. Затоа јас неколку наврати се јавив и апелирав. И на последниот прес кога бевме со градоначалничката кога ја прашаа неа таа рече дека службите се подготвуваат“, укажа тогаш на брифингот со новинарите министерката за култура.

„Природата на материјалите кои се користени таму, се такви што може да настане корозија и оштетување, што може да предизвика штети на веќе сработеното. Тоа може да се упропасти да треба од почеток да се работи“, велат од Министерството за култура.

Од таму уште предупредуваат дека „напуштеното градилиште е безбедносен ризик за Скопјани, бидејќи еден посилен ветер може да предизвика да ја загрози безбедноста на Скопјани“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Кога беше најпотребно одигравме најлошо: Македонија остана без шанси за осминафинале

Место најдобрата партија на ова Европско, македонската репрезентација го...

Драматична порака од нафтените гиганти: „Големата криза со горивото пристигна, нема олеснување на повидок“

Водечките раководители на американските нафтени компании предупредуваат дека долгорочната...

Нема преговори за Изборниот законик, партиите ги демантираат Сали и Гаши

Не се случуваат никакви меѓупартиски преговори околу Изборниот законик...