ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН ВО ПРЕВОД НА СЛАВЕ КАТИН – II ДЕЛ
Интелектуалниот живот на дворот на Александар Македонски, што е насликан како многу аниматорски, беше наполно антички грчки. Онолку колку што се знае, тој не се запозна со литературите на ориенталските народи. Ова веројатно не може да се .објасни едноставно со непознавањето на јазиците, бидејќи тоа можело да се надмине со помош на преведувачи.
Литературите на Египет, на Вавилон, на Персија и на Индија очигледно останаа непознати за него. Изгледа тој имаше извесен интерес за индиските гимнософисти, и на негова покана Индиецот Галан беше гостин во неговиот двор неколку години, се’ до неговото саможртвување. Меѓутоа, ништо не се слушна за некоја подлабока интелектуална врска.
Ако Александар поднесеше жртва на ориенталските богови, тоа значеше дека постапил како да е антички Грк. Меѓутоа, достојно е за почит што, иако поради политички причини, го натера Персиецот Магијан да врши верски обред заедно со антички грчки пророци на прославата за помирување кај Опис, тој никогаш не побара да се запознае со свети книги од персиската религија. Во вистинската смисла на зборот.
Антички Грчка уметност остана за него вистинска уметност. Во Египет Александар нареди да се уништат доградбите до храмовите на Амон во Карнак и во Луксор, а во Вавилон нареди повторно да се изгради храмот на Мардук. Овие потези беа направени од политички причини.
Во двата случаја зградите беа изградени во домашен стил. Од неодамнешните испитувања е заклучено дека деталите на овие свети места во Карнак и во Луксор имаа античко влијание. He e потврдено дека ориенталски уметници работеле за Александар, туку сите уметнички дела ги правеле антички Грци. Најмногу сакаше неговите портрети да му ги прават Апеле и Лисип, кои се сведоци за неговото разбирање на уметноста од тоа време.
Архитектите беа исто така антички Грци, a само во некои згради можеше да се сретне мал дел ориенталска уметност која подоцна имаше тенденција на пораст. Директно влијание на гигантските вавилонски зигурати е присутно во дизајнот за мавзолејот на Хефестион во Вавилон, па дури и во надворешниот изглед.
Шаторот за публиката во Суса исто така беше земен како модел од Персија. Шесте храмови што според неговите последни меморандуми ги планираше во Античка Грција и Античка Македонија, кај Делос, Делфи и Додона, а и во Дион, Амфипол и Кирхус. никогаш не беа изградени. Тие требаше да бидат колосални згради, со чист антички надворешен изглед, за огромна сума од 1.500 таланти за секој од нив.
Ефес
Co иста толкава цена на чинење требаше да се изгради големиот храм во Атина кај Илиум. Исто така, потврдено е дека Александар Македонски имаше намера да изгради споменик за својот татко Филип Македонски со големини како Кеопсовата пирамида, очигледен доказ со голема почит сакаше да се поврзе кон својот татко на земјата. Но, во сево ова, исто така, се гледа јасен доказ за соперништвото со Исток.
Ако е така, барем во архитектурата, источничкото влијание е огромно. Од друга страна, Александар Македонски се појавува како претставник на чистиот антички елинизам во својот култ кон натпреварувачките игри и кон нивното воведување во Ориентот.
Тој сакаше да организира гимнастички и музички натпреварувања, кога по победите своите единици сакаше да ги освежи и да им го сврти вниманието, а и да ја изрази својата благодарност кон боговите.
Натпреварувањето со награда за евентуалната победа беше посебен елемент на античката култура, а тоа беше сосем непознато на Исток. Така, кога Александар Македонски организира вакви игри по положувањето жртва на Апис кај Мемфис, на тој начин мислеше да прогласи дека оттогаш античката култура треба да се воведе во Египет паралелно со египетската.
На Исток, особено во Блиска Азија, каде што многу лесно можеа да се најдат потребните антички изведувачи, тој инсистираше вакви игри да се организираат со посебна големина по враќањето од Индија, a co тоа потврди дека сака да ја прошири античката грчка култура кај ориенталскиот свет.
Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН