Изгоре вилата на Кара Делевињ од 7 милиони долари: Родителите на манекенката ја открија причината за пожарот

Date:

Луксузната куќа на супермоделот Кара Делевињ во Лос Анџелес неодамна беше зафатена од пламен додека таа беше во Лондон. Оваа драматична ситуација длабоко ја погодила манекенката, а нејзините родители Пандора и Чарлс за странските медиуми ја откриле причината за пожарот. Таткото на манекенката истакнал дека имало проблем со електричните инсталации кои излегле од контрола поради силниот ветер, додека мајката истакнала колку вилата ѝ значи на нивната ќерка.

Нејзината мајка изјавила дека Кара била скршена од трагедијата.

– Таму ѝ беше сè, таму беше целиот нејзин живот – рекла мајката.

Таткото на Кара рекол дека причината за пожарот е електричен спој, дека нешто паднало на далноводот поради силните ветрови.

Пожарникарите пристигнале во вилата пред 4 часот наутро за да пронајдат голем пожар во задниот дел од куќата кој се проширил на таванот. Во гаснењето на пожарот кој траел повеќе од два часа учествувале 94 пожарникари. Еден од нив е повреден и пренесен во болница. Друго лице побарало помош за вдишување чад.

„Денеска срцето ми е скршено. Не можам да верувам. Животот може да се смени додека трепнеш. Цени го она што го имаш“, напишала манекенката на Инстаграм. Таа изрази загриженост за мачките кои биле во куќата за време на пожарот, но тие не биле повредени.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ВМФЛ: Водечките со нови победи, Брегалница со три бода од Велес

Попладнево се одиграа сите осум средби од 25.коло во...

Да се знае кој е кој: “Кралевите“ чекаа во ред да се поздрават со НАЈГОЛЕМИОТ!

Можеби во неговата Србија во последните неколку месеци и...

Пиастри по победата во Џеда: Ова ми беше најтешка трка во кариерата…

Оскар Пиастри стигна до третата сезонска победа во Формула...

Елизабет Харли најде љубов во прегратките на таткото на Мајли Сајрус

Британската актерка Елизабет Харли ја изненади јавноста со последната објава на...