Извршени над 500 контроли: Ја намалиле цената на лебот, но и грамажата – изречени казни

Date:

Трговците кои не ја намалиле цената на лебот од 450 гр на 33 денари, или ја намалиле цената но ја намалиле и грамажата на лебот, се санкционирани од ДПИ. Ова се само некои од прекршувањата кои се констатирани во последниве пет дена од страна на инспекторите кои спровеле 500 контроли и констатирале 6 прекршоци во висина од 750 илјади денари.

Иако беше кажано дека ќе се објават имињата на компаниите кои не ги почитувале мерките, такво нешто до сега не се случи.

Всушност дали се ова единствените прекршувања на мерките на територија на цела држава и дали се извршени контроли во сите економски субјекти?

Од Владата најавуваат дополнителни мерки и засилени контроли за зелените пазари, каде како што велат, се случува трговците да купуваат производи од маркетите по пониска цена како јајца на пример, и да ги продаваат на пазар, бидејќи како што велат, во земјава и регионот има дефицит од јајца. Ќе има контроли во маркетите и зелените пазари во цела држава за цените на овошјето и зеленчукот.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Австралија добива НБА шампион и деветкратен Ол-стар како засилување?

НБА ѕвездата Кајри Ирвинг изрази големо задоволство во иднина...

Македонија со Шортс и Димитријевиќ против Естонија и Полска

Кошаркарската репрезентација на Македонија денеска го има првиот собир...

Смртни закани кон судијата кој го исклучи Белингем

Судијата Хозе Луис Мунуера Монтеро, кој му покажа црвен...

ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски е сиамски близнак на Кацарска и Трпков

Македонија се гуши во „дивото месо” посеано од СДС...