Бројни беа реакциите на граѓаните и политичарите по информацијата дека на тенискиот турнир „Австралија Опен“ македонското државно знаме се вброи во забранети. Македонското министерство за надворешни работи упати реакција до организаторот, а оттаму добиле информација дека се работи за обичен технички пропуст.
По добиените информации за пропустот поврзан со истакнувањето на официјалното знаме на Република Северна Македонија на тенискиот турнир „Австралија Опен“, Министерството за надворешни работи, преку амбасадата во Канбера, веднаш реагираше до Министерството за надворешни работи и трговија на Австралија, како и до организаторот на турнирот, „Австралија Опен“. „Оттаму добивме уверување дека се работи за ненамерен пропуст – техничка грешка која е веднаш исправена и која не предизвикала ефективни ограничувања. Беше испратено длабоко извинување и уверување дека инцидентот нема да влијае врз силните врски помеѓу граѓаните на Австралија и Македонија, кои се карактеризираат со пријателство и љубов кон спортот. – – велат во своето денешно соопштение за македонската јавност.
Реагираше и премиерот Ковачевски. Сподели дека имал непријатно чувство кога ја дознал информациајта од медиумите, го прифатил образложението дека се работи за технички пропусут и кажа дека „Не треба да и се лутиме на Австралија. Но, се надеваме дека тоа нема да се случи во иднина!“ додавајќи дека инцидентот „ Не треба да влијае на нашите односи“ .
„Австралија џентлеменски се извини“, „Македонското знаме не е повеќе забрането на Австралија Опен“ , „Реагиравме на неистакнуавњето на македонското знаме на „Австралија Опен“ се работи за ненамерен пропуст “ се само дел од насловите кои денеска се појавија и на специјализираните спортски медиуми објавени по вчерашните наслови кои зборуваат за шок и чувство на нанесена неправда.
Фотографија од македонското државно знаме, можеше да се забележи на првиот ден од годинешниот „гренд слем“, на листот хартија прикачен на камерата на снимателите на Австралија опен во КИА арената, заедно со знамиња на држави за кои денес важи категоријата агресори -руското, белоруското, палестинското и израелското, знамето на Тајван , знамиња за кои претходно беше објавено дека се забранети на турнирот.
Оваа практика на Австралија опен се случува од минатата година. Имено, во тек на натпреварувањата на руските тенисери одземени биле руските знамиња што ги имале руските навивачи откако реагирале украинци кои се чувствувале непријатно поради тие знамиња. Во Австралија минатата година започна жестока дебата која го акцентира фактот дека знамињата се дел од политизирање на спортот, а според многумина, тоа е неприфатливо и претставува демонизирање на сите припадници ( граѓани) на државите претставени во забранетите знамиња.