Тона Карева Талеска од Хелсиншкиот комитет во емисијата 24 анализа рече дека работите се доведуваат до степен каде стануваат многу лоши и тоа е констатирано од сите и се ставаме во ситуација кога ќе биде доцна.

– Погрешно се претставува во јавноста дека кога ќе ги почнее преговорите, се ќе решиме. И некои реформи што треба да се адресираат и да се постапи во однос на нив се наведени во извештајот. Извештајот е реален и ја отсликува состојбата во државата. Се гледаат и последиците и ЕК ги препознава тие предизвици кои ние како невладини организации сме ги истакнале. Одлуката на владата да не ги гледа тие оцени е политичка и изјава во однос на тоа да фрлат позитивна нота. – рече Карева Талеска.