На страницата TikTok на една австралиска клиника, која е специјализирана за хидроколонска терапија (празнење на дебелото црево), неодамна беше објавено предупредување за крајно бизарно видео.
Со образложение дека пациентот се жалел на надуеност и дигестивни проблеми, откриено е дека во цревата има огромен црв/паразит.
Паразитите во дигестивниот систем всушност не се ретки, а симптомите варираат во зависност од нивниот вид и сериозноста на инфекцијата.
Можни знаци се стомачни тегоби и болки, необјаснето слабеење, дијареа, замор, видливи траги во столицата…