ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН – ЖИВОТ И ДЕЛА“
Делото “Selected Papers for Macedonia” (Избрани текстови за Македонија) (2024)е дело на Издавачката куќа „Македонска искра“ од Скопје и на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј. Печатена е на 488 страници на англиски јазик, чиј рецензенти се Душан Ристевски – Македон и Виктор Бивел од Сиднеј, Австралија, како и Џорџ Атанасоски од САД. Книгата е спонзорирана од Фондацијата „Џорџ Атанасоски“ од Македонија.
Ova дело е посветено на Македонија, на Македонската православна црква и на Македонците ширум светот. Во неа се поставува прашањето дали посебните политички субјекти имаат ексклузивно право на монопол над историското наследство, односно дали младите генерации денес, роде-ни и израснати во конфронтираните делови на Македонија, се израснати и образовани верувајќи дека Македонците не се доволно информирани за историскиот факт дека се делови од еден народ и од една земја наречена Македонија.
Македонците се раѓале и живееле уште од античко време на овие простори кои во минатото биле центар на цивилизираниот свет. Тука изникнаа култури и тука се родија големи луѓе кои не само што беа значајни за историјата на европската култура, туку и за човештвото.
Тие ја разбудија свеста кај новите генерации. Често се зборува дека она што се случи во Македонија не може да се спореди со ништо на друго место во светот, ниту во кое било друго време.
Може да се каже дека оваа публикацијата е дел од хрониката на условите на македонскиот народ на историската сцена. Станува збор за дело со трудови кои се однесуваат на Македонија, Македонската православна црква и Македонците во светот

Затоа, книгата „„SelectedPapers for Macedonia“ („Избрани трудови за Македонија“) е особено посветена на етничка Македонија, Македонците и Македонската православна црква-ОА, која била и веројатно ќе продолжи да биде цел на дискусии, расправии, па дури и напади од други црковни институции.
Во соседните земји и пошироко, кои се обидуваат да го спречат, или одложат неговото приклучување кон семејството на рамноправните православни црковни организации. Притоа, ангажиран е цел пропаганден и медиумски механизам за вршење притисок, изолација и негирање на нашата Македонска православна црква-ОА и нејзиното легитимно постоење. Неговата цел е да ги искривува и сокрие историските факти од минатото и сегашноста.
Делото „SelectedpapersforMacedonia“ („Избрани трудови за Македонија“) е составено од девет дела, во кои секој дел има по десет поглавја и тоа: 1. Праисториска Македонија 2. Македонците во дијаспората 3. Емиграцијата како судбина. 4. Македонските православни цркви во Австралија, Канада и САД. 5. Религијата на Македонците, 6. Познати Македонци во светот, 7. Дел од видните Македонци во светот. 8. Македонците во соседните земји и 9. Додаток.
Во ова публикација се дадени текстови кои се значаен прилог и придонес кон осветлувањето на голем број аспекти од историската и творечката вистина за македонското иселеництво во светот. Од тоа дело поетот, драматург, публицист, основач и претседател на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија Душан Ристевски-Македон објавил триесет и осум (38) продолженија од делото “Selected Papers for Macedonia” во порталот Мактел од Сиднеј. Истите триесет и осум (38) продолженија се објавени во порталот од Мелбурн Македонски времеплов (Macedonian Timeline of Australia)
Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН





