Власта планира во текот на идната недела да ги почне консултациите со политичките партии за одредување на датум за претседателските и парламентарните избори. Планот на СДСМ е да се дојде до консензус на ниво на пратенички групи во Собранието иако нивниот став за изборниот процес останува непроменет.
Во ВМРО-ДПМНЕ велат дека нема некој напредок во делот на разговорите околу датумот имајќи предвид дека опозицијата бара избори на еден трошок. Партиите имаат рок да се договорат некаде до пред крајот на годината до кога спикерот Џафери рече дека ќе ги чека пред да ги распише изборите.
Но на терен, кампањата е во полн ек. И власта и опозицијата се растрчани на терен на разни трибини и средби со граѓани. Подготовки на големо се прават и во албанскиот блок каде веќе се формираше крупен опозициски блок кој најавува неизвесен изборен процес.
И ако во албанскиот блок се очекува неизвесна трка, анкетите најавуваат значителна предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ.
Последната анкета на Институтот за истражувања на политики и добро владеење спроведена врз 1050 испитаници во периодот од 5 до 9 ноември покажува значителна предност на најголемата опозициска партија чиј лидер истовремено е и најпопуларен политичар. ВМРО-ДПМНЕ има рејтинг од 19,5% пред СДСМ кои имаат поддршка од 12,6% од гласачите. Рејтингот на Мицкоски е 16,9, а на Ковачевски 9,1%.